Квалитетна македонска забавна музика или кариера на стара слава – има ли денес хитови како порано?

Пушташ радио во автомобил и налетуваш на македонски хит од времето кој сигурно ќе те натера да запееш. И пееш. И се потсетуваш колку одамна беше пласирана оваа нумера и колку спомени те врзуваат за неа. И не можеш да не помислиш на фактот колку и дали денес македонската музика има хитови?

kvalitet-na-makedonska-zabavna-muzika-ili-kariera-na-stara-slava-01.jpg

Кога последен пат слушна нова песна на радио што си ја потпевнуваше и си ја пребара на YouTube? Веројатно одамна.

Сведоци сме на помалку македонска музика, сè повеќе кариера на стара слава. Квантинет наспроти квалитет.

Млади надежни пејачи што просперитетот од кариера во музиката го гледаат некаде надвор од нашите граници. За жал...

Сè помалку видео спотови, сè повеќе рекламирање на социјални мрежи. Повеќе препеви на актуелни песни од турбофолк естрадата или странски нумери, сè помалку авторска музика.

Познатите имиња на македонската естрада, секогаш актуелни и достапни, се оние кои се наоѓаат на врвот на радио топ листите, но дали сите од овие песни се навистина толку хитови, или едноставно тоа е сè што се нуди во пакетот?

Вратете се во времето назад и сетете се на сите музички емисии што беа достапни на ТВ како „99 Акција”, „Рок Подиум”, „Шоуто мора да продолжи”, „Скај Селекшн”, „М2 Потрага по ѕвезда“, а кои веќе не се продуцираат бидејќи не се актуелни за јавноста или затоа што нема буџет за нив.

kvalitetna-makedonska-zabavna-muzika-ili-kariera-na-stara-slava-ima-li-denes-hitovi-kako-porano02.jpg

Дали е тоа последица на фактот што субвенциите за музика не се доволно големи и придобивките од истите ги користат само веќе реномираните имиња?

Сè повеќе ќе сретнеме изјави на пејачи кои сведочат дека фестивалите кај нас не се предизвик за настапување, ниту пак за создавање на нова музика.

Макфест е еден од ретките фестивали кој се уште опстојува на естрадата, наспроти Скопскиот фестивал кој беше поим за рожба на нови песни, но веќе одамна не постои.

Изборот на песна и претставник за Евровизија се одржува позади кулиси, далеку од очите на љубителите на музиката, па воопшто не е чудно што и овој фестивал веќе одамна не е нешто што го чекаме да се емитува на телевизија.

Имаме авторска музика со ново лице на естрадата, но позади тоа се крие плагијат на музичка подлога, крадени рефрени или лош аранжман.

Алтернативната музика е застапена, но нема доволно публика, а новите млади надежни лица, решаваат да одат да се натпреваруваат на фестивали и кастинзи во соседна Србија и Бугарија бидејќи кај нас нема продукција за таа намена.

Секако, капа доле на македонски артисти кои уште пловат успешно низ светот на македонската музика или макотрпно се пробиваат низ трнливиот пат до славата, создаваат дела, прават албуми и пласираат квалитет во земјава и надвор. Ретки се, но се единствени.

Македонската музика е докажана инспирација за многу светски и регионални артисти. Имаме огромно културно богатство кое не смее да затаи низ времето и треба да се искористи максимално сечиј труд, заложба и секако потенцијал и желба за реализација на естрадата.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Јован Јованов со прва соло песна по 17 години - „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скоп... „Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 1...
„Поради несреќата во Кочани и во чест на Сара Пројковска не сакав да ја објавам“ - Мими Јовановска з... Пеколни ноќи и очи без сјај, тоа ли заслужив. Пред мене да глумиш, а други да љу...
Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените  Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во ...
Ана и Алексеј од Битола ја преработија безвременската „Немир“ од Каролина и Тоше (видео) Младите талентирани музичари Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ја...

Најчитани неделава