Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-09-2023


Млад Македонец секоја година прави преработки на песни од Тоше Проески – слушнете ја „Боже, чувај ја од зло“ (видео)

Тони Андреев има направено неколку преработки на песни од Тоше Проески, а последна е емотивната балада „Боже, чувај ја од зло“.

mlad-makedonec-sekoja-godina-pravi-prerabotki-na-pesni-od-toshe-proeski-slushnete-ja-bozhe-chuvaj-ja-od-zlo-01.jpg

Младиот македонски пејач Тони Андреев започна традиција во чест на Тоше Проески – секоја година прави по една преработка од некоја песна на македонската музичка ѕвезда.

Досега тој има направено преработки на некои од најголемите хитови на Тоше, вклучувајќи ги „Кој ли ти гризе образи“ и „Место на злосторот“.

Годинава тој објави преработка на емотивната балада на Тоше – „Боже, чувај ја од зло“ – која остави траен белег во македонската музичка историја.

mlad-makedonec-sekoja-godina-pravi-prerabotki-na-pesni-od-toshe-proeski-slushnete-ja-bozhe-chuvaj-ja-od-zlo-02.jpg

„И оваа година се потрудив да ја одржам традицијата во чест на Тоше што трае веќе неколку години. Ова е мојата четврта преработка и мило ми е што покрај сите обврски и настапи, успеав да си го одржам ветувањето кое се надевам дека ќе трае секоја година.

Тимот што победува не се менува, па и овојпат на звукот работевме јас и мојот бенд. Се разбира, тука е и Алек Тасевски, мојот продуцент којшто се потпишува на сите мои видеозаписи“, вели Тони.

Слушнете ја преработката на „Боже, чувај ја од зло“:

Би можело да ве интересира:

Д’римерс со нова песна: Слушнете ја „Ова не е крај” Д'римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај". Како што беше најавено...
Пајак ја објави новата песна со српскиот пејач MC Стојан – ќе стане ли хит како „Хабиби“? (видео) По хитовите „Бела“ со Лара и „Хабиби“ со Антониа, нашиот Пајак и познатиот српск...
Слушнете ја новата песна на ДНК насловена „Милион денови“ (видео) „Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg