Авалон Продукција вчера (09.09.2015) во 21 часот ја промовираше првата заедничка песна на двајцата наши најквалитетни артисти во моментов - Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева...
“Големо задоволство ми е да излезам со целосно свој проект. Посебно сум среќен и благодарен на соработката со Александра, Дарко и Огнен. Со овој тим и сингл го најавувам мојот нареден проект – сингл и албум. До наредниот сингл, уживајте во 10 лета !!! “ – изјави Даниел Кајмакоски...
По многубројните успешни настапи и пофалби, на нашиот Трајче Георгиев победата му се лизна низ прсти и го освои второто место на „Пинкови ѕвездички“.
Во Х-фактор Адриа успеа да стигне речиси до финалето и тоа е огромен успех за него. Тој беше првиот кој ја расплака Александра Ковач, уште за време на аудициите, а често добиваше поддршка и од докажани музичари како Калиопи и Тони Цетински.
Вчера започна да се снима долгоочекуваниот видеоспот за најновата песна на Елена Ристеска „Доживотно“, на која како автор се потпишува српска композиторка Александра Милутиновиќ, додека пак за аранжманотсе погрижи Дарко Димитров. Песната од неодамна е хит на сите радиостаници во земјава, но и регионот како што се Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина...
На последниот настап со песната „Impossible“ Трајче уште еднаш докажа како се пее со стил, глас и стас.
Трајче Георгиев, единствениот македонски претставник во Пинкови ѕвездички, обезбеди пласман во полуфиналето на ова шоу...
Во очекување на 19-ти мај и првата полуфинална евровизиска вечер на која ќе настапи Даниел, веќе се откриваат сите детали.
Даниел Кајмакоски; е поврзан со Евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден. Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот.
Денес во Дневникот 1 на МРТВ беше промовирана англиската верзија на нашата евровизиска песна, како и спотот за истата. Даниел Кајмакоски повторно потврдува дека што и да отпее звучи светски, а особено кога тоа го изведува на англиски јазик.
Денес е тој ден, најсреќен! Денот кога пред 34 години бил радост само за едно семејство, едно мало гратче, а години потоа е радост за цела Македонија, цел Балкан и пошироко.
Точно на време, на ден пред новата година, омилениот Даниел Кајмакоски во дует со една од нашите најдобри пејачки, Тамара Тодевска, снимија и песна и спот кои ќе ви предизвикаат насмевка и среќа за миг.
Иако не беше победничка, „Брод што тоне“ беше една од најубавите балади на овогодинешниот „Скопски фестивал“.
Покрај евровизиските подготовки Даниел Кајмакоски е неуморен и работи на повеќе проекти. По завршувањето на Скопскиот фестивал, тој веднаш во Белград замина...
Каролина ја промовираше својата нова песна - „Бегај, бегај!“ Композитор е легендарниот музичар Кокан Димушевски, а песната е „cover“ на насловната тема од култната македонска серија „Трст Виа Скопје“...
Вечно втората Тамара Тодевска, иако не победи на Скопскиот фестивал, со уште една моќна балада докажува дека може да биде најслушана.
Да се патува низ светот, и притоа да се промовира македонска народна музика, нејзините автентични звуци и самата историја на македонскиот народ раскажана преку песната е предизвик за секој музичар...
Песната „Лисја есенски“ која ја испеа Даниел Кајмакоски на овогодинешниот Скопски фестивал е избрана за најдобра песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015.