„Бори се“ е песна настаната како соработка помеѓу раперот Иван Ајнштајн и PeachArmy брендот со најголемата женска Армија позади која стои познатата фитнес тренерка Ана Стојанова.
„Оваа песна ја посветувам на сите мајки, мајки во најубава смисла, мајки кои се нашето сонце, пожртвувани и храбри се планини да поместат за своите чеда, мајки кои и дење и ноќе бдеат над своите чеда“ – Елена Ристеска заедно со хорот на детскиот фестивал „Поточиња“ објави нова песна посветена на мајките.
Фановите на Евровизија, кои религиозно го следат најголемото музичко натпреварување во Европа, не се воодушевени со дел од песните што победија на локалните избори. Откако викендов се комплетираше листата од 37 земји учеснички, фановите ги критикуваа дел од победниците, па велат дека изборот не им е по ќеф.
Македонскиот бенд Happy End, кој сака да експериментира со нови музички стилови, издаде нова песна – „Бејби остани“ – за која е снимен и забавен музички спот.
По хитовите „Бела“ со Лара и „Хабиби“ со Антониа, нашиот Пајак и познатиот српски пејач MC Стојан, денес ја објавија нивната заедничка песна „Моја мала“ за која има и спот – како ви се допаѓа?
Д'римерс ја објавија нивната петта песна „Ова не е крај". Како што беше најавено тие се на половина пат од нивниот деби албум кој ќе биде составен од вкупно десет песни.
Австралиската пејачка Сиа го привлекува вниманието на публиката со нејзините оригинални музика и текстови, но и покрај големата слава, таа претпочита да го покрива лицето со перика со долги шишки...
„Хабиби“ на Антониа Гиговска и Пајак веќе е хит, а сега можете да погледнете како изгледаше снимањето на спотот.
Слаткаристика на Божиќ го објави новиот спот за песната „Аман, аман“, во кој играат македонските модели Бојана Нушкова и Јована Гјо, а коерографијата е на Нина Ред. Го погледнавте ли спотот?
All I Want For Christmas Is You, односно божиќната химна на Мараја Кери, како и Last Christmas од Wham! со години, па и со децении важат за едни од најдобрите празнични песни.
Тамара Грујевска за повеќето релативно ново име на домашната сцена, но за оние помладите веќе добро познат вокал. 12-годишната Тамара преку детските фестивали, тетовскиот...
Еве едно интересно прашање кое можеби сте си го поставиле досега: која е најкористената песна во историјата на кинематографијата?
„Што знаат денес децава кои беа Елвир Мекиќ, Ламбе, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Врчак...“ е еден од многуте твитови од Македонци за музиката од 90-тите. Нормално тука се и „Ерзана, врати се“, па потсетување на песните од групата „Магија“ и што уште не... Мммм, мирис на носталгија по враќањето на Врчак на сцената, нели?
Охриѓанецот Александар Петрески објави нова песна, во соработка со пејачката Марија Цветановска – „Снегулка“ е детска песна преку која тој се обидува да ја долови...
Македонското дуо Дупер издаде нова песна, насловена „Дадада“, за која е снимен и видеоспот.
„Ми треба“ е насловот на новата песна на Бојана Скендеровски, со која таа реши да ја заокружи музичката приказна што годинава во јануари започна да ја раскажува со темата „Зад завесите“...
Илма Карахмет, сега веќе девојката која јавноста ја памети по учеството во музичкото натпреварување Икс Фактор во кое победи нашиот Даниел Кајмакоски, пред...
Најавувавме, информиравме, зборувавме, а јавноста нестрпливо исчекуваше. И конечно, „Клубот“ на Тони Зен ја здогледа светлината на денот.