Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од, како што вели, неговите омилени македонски песни „Дејгиди луди млади години“, која веќе е пуштена во етерот.
Откако Јован Јованов и групата „Магија“ победија на Макфест 1998 со истоимената песна „Магија“, тој сега направи преработка на песната со еден од најпопуларните млади пејачи кај нас, Пајак.
Јас сум Дарко Андонов a.k.a. ДААН, псевдоним кој го користам како уметничко име од моето враќање на музичката сцена во 2022 година, како што знам често да кажам мојот нов музички почеток, а истовремено и назив на моето музичко студио DAAN MUSIC PRODUCTION (https://www.daan-music.com/ ), во кое работам и творам како артист, композитор, текстописец, аранжер и сертифициран Cubase продуцент.
Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново ѝ подари на домашната сцена комплетно ремек-дело, а во нејзиното срце има посебно место.
Нашиот виолинист Петар Маркоски имаше чест да настапи на единствениот музички настан на кој присуствува Папата.
„Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на сите дека Врчак се врати“, пишува во најавата за новата песна на ДНК и Врчак – „Посреќна“ – која е објавена денес.
амара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пејачките на нашата сцена кои направија трансформација на изгледот. Со диета, режим на исхрана, редовни тренинзи, трепние и упорност овие македонски пејачки успеаја својата линија да ја доведат до совршенство.
Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи.
Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви го претставува новиот сингл насловен како 'Move It' од нивниот прв албум ‘Balkan Mayhem’. Оваа нумера е создадена за време на пандемијата како одговор на сите стеги и забрани со кои се соочуваше човештвото.
Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ 2023, струмичанката Славица Ангелова, го промовираше својот прв сингл „Руже и крв“.
Марко Николиќ по 20 години професионална музичка кариера во која неговото име се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот на поп и народната музика, на јавноста ѝ го претставува новиот албум со наслов „Доѓи да те волим“.
(06.09.2023) Дарко Андонов ДААН ја промовира својата нова песна и спот, „Мојот свет“, на неговиот роденден.
„Послушајте патриоти да ви кажам словото, на Ѓурѓовден бев затворен, в црни темни зандани. Во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони неразбрани трговци...“, токму вака почнува последната дванаесетта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, овој пат во изведба на Панчо и Андреј од ДНК и Наум Петрески.
Колку векови во темнина си била, колку темни сказни знаеш, земјо мила, колку страдања на рамена си збрала, колку жртви ти за слобода си дала…“ – ова се дел од стиховите од песната „Земјо мила“, композиција на која ниту еден Македонец не може да остане рамнодушен.
(24.07.2023) Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание.
„Ој, Вардаре македонски“ е една од оние песни кои будат емоција уште со првите тактови. Таа е меѓу композициите кои остануваат трајно врежани во македонскиот музички код и песна која ќе остане како вистинско музичко ремек-дело кое ги разгалува срцата и душите на Македонците каде и да се.
Скопје, 17.07.2023 – Девојката која ја разбуди и раздвижи македонската музичка поп сцена пред 2 години, продолжува со засилено темпо и ова лето. Нејзиниот талент...
На 12.07.2023 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата прва песна на македонски јазик и се запишува како автор на истата.