„Корона чао“ е пандемиски хит, а им се оддаде почит и на починатите ѕвезди – Како помина Златна Бубамара 2021?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


„Корона чао“ е пандемиски хит, а им се оддаде почит и на починатите ѕвезди – Како помина Златна Бубамара 2021?

Низ ретроспективни снимки се потсетивме на хуморот на Сашко Коцев од минатите години кои совршено се вклопува и во 2021, се навративме на спомените создадени од прерано починатите македонски ѕвезди, но и се израдувавме на препознаениот труд на овогодишните добитници на награди.

korona-chao-e-pandemiski-hit-a-im-se-oddade-pochit-i-na-pochinatite-dzvezdi-kako-pomina-zlatna-bubamara-2021-01.jpgфото: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста

2020-та година беше тешка за сите, исполнета со многу непријатни и неубави моменти, но истовремено, некои луѓе неуморно работеа и целосно заслужено си ја добија Златната Бубамара на популарноста.

24-тото издание на Златна Бубамара на популарноста, кое се одржа на 28-ми март 2021, беше сосема поинакво од оние на кои навикнавме изминатите години.

Наместо полна сала со публика која во еден глас се смее на шегите и аплаудира на добитниците на награди, овојпат, Ранко Петровиќ, ја најави вонредната, пандемиска Златна Бубамара во празна сала.

korona-chao-e-pandemiski-hit-a-im-se-oddade-pochit-i-na-pochinatite-dzvezdi-kako-pomina-zlatna-bubamara-2021-02 (1).jpgфото: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста

Наградите за најмалите ни го исполнија срцето, пандемискиот хит на Александар и Дац ни ја врати потребната доза позитива, наградата за спортскиот коментатор Тони Стојановски ни го врати борбениот дух и нѐ потсети на спортските успеси, а сеќавањето на починатите легенди Драган Вучиќ, Бранка Станковска, Зоран Џорлев, диџеј Ицко, Ѓорѓе Балашевиќ и Зафир Хаџиманов, кои го изгубија животот во изминатите 12 месеци ни ги наполни очите со солзи.

korona-chao-e-pandemiski-hit-a-im-se-oddade-pochit-i-na-pochinatite-dzvezdi-kako-pomina-zlatna-bubamara-2021-3.jpgфото: Фејсбук / Златна Бубамара на популарноста

korona-chao-e-pandemiski-hit-a-im-se-oddade-pochit-i-na-pochinatite-dzvezdi-kako-pomina-zlatna-bubamara-2021-04 (1).jpgфото: Фејсбук / Александар и Дац Александар и Дац

ТУКА погледнете видео од 2004-та година кога Зафир Хациманов ја доби наградата за животно дело од Радио Бубамара и на сцената пееше со Калиопи и Тоше Проески.

Но, во текот на 4-те часа, тука беше хуморот на Сашко Коцев од минатите изданија на Златна Бубамара, кој како никогаш да не губи популарност, како и на младите актери Атанас и Тино, кои оваа година на сатиричен начин ја најавија наградата за спортски коментатор.

Atanas и Tino тотална доминација 👏 #ЗлатнаБубаМара2021 🐞

Posted by Ina Mnogufina on Sunday, March 28, 2021

Во продолжение погледнете ја листата на наградени:

Најпопуларна детска ТВ емисија 2020 Дајте музика

Најпопуларна детска анимирана серија 2020 Светот на Биби и Боби

Најпопуларна едукативна програма 2020 5 + фамилија за ТВ училница - ОХО

Оптимистички пандемиски хит и видео спот 2020

Ладно пиво & On Line friends – И ова ќе помине

Пандемиски хит 2020 Корона чао - Александар и Дац

Карантински концерт 2020 Бајага и Инструктори - За црвенa зонa - Ташмајдан

Рок хит 2020 Корона хит позитивeн - Забрането пушење & Елвис Џ. Куртовиќ

Награда за трајни вредности Драгољуб Мичко Љубичиќ

Спортски коментатор 2020 Тони Стојановски

Спортски народни херои 2020 Фудбалската репрезентација на Македонија

Најпопуларен ТВ проект 2020 ТВ Серија Преспав – ОХО

Музички продуцент 2020 Мите Димовски

Албум на годината 2020 Taftalidze Shuffle - Влатко Стефановски

Музичко карантин шоу 2020 Дубиоза Колектив

Песна на годината 2020 Ето песма – Раде Шербеџија

Најхумористична ТВ емисија 2020 Зевзекманија – Канал 5

COVER албум 2020 Биба Додева – Незаборавни

Награда за трајни вредности Рамадан Шукри

Потсетете се на минатогодишната Златна Бубамара, со надеж дека веќе следната повторно ќе може да ја проследиме во полна сала, со бројни настапи во живо. 

Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото)

М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg