Откриени 50 нови планети за живот

otkrieni-50-novi-planeti-za-zivot-povekjeЕвропските астрономи открија 50 нови планети надвор од нашиот сончев систем, од кои 16 се со слична големина на Земјата. Најголемата е...


...обележана како HD 85512 b, а од нашата планета е поголема 3,6 пати и е сместена во зона каде може да се развие живот.

Новите откритија на опсерваторијата Ла Сила во Чиле, беа претставени за време на конференцијата "Extreme Solar Systems" во САД, на која учествувале 350 експерти од целиот свет.

Откривањето на планетата HD 85512 b укажува на можноста за откривање и на други населливи планети околу ѕвездите. Станува збор за Супер – Земји“ – изјавил астрономот Мајл Мајор од Универзитетот во Женева.

Супер – Земјите може да бидат поголеми од нашата планета и до 10 пати и се верува дека се попогодни за развој на животот дури и од Земјата.

Би можело да ве интересира:

Нереална убавина! Најдобрите вселенски фотографии од телескопот Џејмс Веб, една година по неговото а... Волшебни галаксии, но и планетите со Сончевиот Систем во поинакво светло – што с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg