Мустафа Сандал за годишнина од брак ја однесе 19 години помладата сопруга во Париз - на Емина Јаховиќ не ѝ плаќа алиментација

Емина Јаховиќ години наназад води судска постапка против нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал и го обвинува дека не плаќа алиментација, но тоа не го спречува турскиот пејач да живее на висока нога и да ја носи 19 години помладата сопруга на луксузни патувања низ Европа. Овојпат парот во холивудско издание на посета во Париз...

mustafa-sandal-za-prvata-godishnica-ja-odnese-9-godini-pomladata-sopruga-vo-pariz-sakam-sekogash-da-si-do-mene-01_copy.jpg

Мустафа Сандал (53), минатата година на 3-ти јуни стапи во брак со 19 години помладата девојка Мелис Шутшуруп со свечена церемонија што се одржа во Рим, а годинава, по повод првата годишнина од бракот ја однесе на луксузно патување во градот на љубовта – Париз.

За време на нивната посета во Париз, Мустафа и Мелис присуствуваа на настан, па се појавија во гламурозни изданија. Мелис во црн фустан со отсечоци и црна наметка, а Мустафа во костум со пеперутка вратоврска.

mustafa-sandal-za-prvata-godishnica-ja-odnese-9-godini-pomladata-sopruga-vo-pariz-sakam-sekogash-da-si-do-mene-03.jpg

mustafa-sandal-za-prvata-godishnica-ja-odnese-9-godini-pomladata-sopruga-vo-pariz-sakam-sekogash-da-si-do-mene-02.jpg

Инаку, пред само неколку денови Мелис го прослави роденденот, а Мустафа на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија до која напиша:

„Среќен роденден, драга жено. И целиот свет да се преврти, сакам секогаш да бидеш покрај мене.“

Додека Мустафа ужива во брачниот живот со помладата сопруга, за Емина Јаховиќ кружат гласини дека е во врска со познат турски милионер кој сака да се ожени со неа.

Таа неодамна даде интервју за српските медиуми и на прашањето за тоа во каков однос се со Мустафа, таа рече:

„Ние и понатаму сме на суд, но моите деца не се спречени да се дружат и да се гледаат со татко им. Тоа не е никаков проблем. Совршени мајка и татко не постојат. Да бевме сите идеални, немаше да бидеме луѓе, туку светци“ – вели таа.

Мелис и Мустафа редовно објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм, погледнете дел од нив на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава