Ја држи за рака, внимава на неа: Дилета Леота бремена и вљубена на плажа - кој е убавиот Германец што ја освои?

„Штом го видов, знаев дека тој е човекот на мојот живот“ – вели убавата Дилета Леота, за таткото на нејзиното бебе. Убавата Италијанка ужива со фудбалерот Лорис Кариус на плажа, а очигледно е дека по големиот број неуспешни врски конечно е среќна.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-01.jpg

Најубавата спортска новинарка Дилета Леота (31) го покажа трудничкиот стомак додека уживаше на плажа со нејзиниот дечко и татко на нејзиното бебе, фудбалскиот голман со германско потекло, Лорис Кариус (30).

Дилета и Лорис во моментов се на одмор на Ибица, Шпанија, а на плажа беа фотографирани како се држат за рака, додека влегуваат во вода. Таа гордо го покажа трудничкиот стомак во розови бикини, додека партнерот ја држеше за рака и внимаваше на неа.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-02.jpg

Спортската новинарка и презентерка, која е една од најпознатите жени во светот што ги рушат стереотипите дека спортското новинарство е само машка професија, претходно беше во врска со згодниот турски актер Џан Јаман, а исто така зад себе има повеќе подолги врски со други познати спортисти.

Од октомври минатата година е во врска со германскиот фудбалер Лорис Кариус, а таа откри дека тој ја освоил на прв поглед.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-03.jpg

Убавата Италијанка откри дека згодниот Германец го запознала додека била на модно шоу во Париз, а потоа со пријателите заминала на вечера во еден хотел.

„Кога тој влезе, целата соба ја осветли, како сонцето да изгреа. Им реков на другарките: ‘Погледнете, ова е човекот на мојот живот’“ – вели таа и признава дека се чувствувала многу засрамено затоа што не знаела англиски и нивната комуникација била отежната на почетокот.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-04.jpg

Во март годинава таа објави дека го очекуваат своето прво дете и дека очекуваат девојче.

Дилета вели дека сѐ уште не го избрале името на нивната ќерка.

„Во моментов разговараме, јас размислувам за имињата Офелија, Роуз и Бела, но мислам дека ќе го изберам името во последен момент, кога ќе ѝ ги видам очињата за првпат“ – вели таа.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-05.jpg

Иако редовно е на трибините од каде известува за важните спортски настани Дилета неодамна во интервју за Grazia откри дека воопшто не се чувствува пријатно додека е на трибините.

„Понекогаш ми се чини дека сите очи се вперени во мене. Ме вознемируваат натрапливите погледи на луѓето околу мене или пеењето вулгарни песни на стадионот, што за среќа, веќе не се практикува“ – рече таа.

ja-drzhi-za-raka-vnimava-na-nea-koj-e-ubaviot-germanec-shto-go-osvoi-srceto-na-dileta-leota-foto-07.jpg

Прочитајте и Често менува партнери, мажите лудуваат по неа – Што знаеме за Дилета Леота, најзгодната спортска презентерка?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава