Бела Хадид покажа како изгледа тешката борба со лајмската болест, која се добива од убод од крлеж

Лежи со постојана инфузија на раката, седи на столче, видно изморена, а медицинските лица околу неа постојано ја боцкаат... Бела Хадид покажа како изгледа страдањето од лајмска болест зад затворени врати, со која се бори повеќе од 15 години.

15-godini-strada-od-bolest-shto-se-prenesuva-od-zarazeni-krzhei-bela-hadid-pokazha-kako-izgleda-borbata-so-lajmskata-bolest-01.jpg

Убавата манекенка Бела Хадид (26) со години наназад се бори со лајмска болест, а во неделата (06.08) објави повеќе фотографии на кои покажа како изгледа во последните месеци додека се бори за сопственото здравје и објави подолг текст во кој зборуваше за сите предизвици со коишто се соочува.

Во јули годинава, манекенката соопшти дека ќе земе слободни денови затоа што ѝ се влошила состојбата со болеста, а во последните 4 месеци, како што соопшти секој ден прима нови третмани.

„Малата верзија од мене би била горда на мојата возрасна верзија, затоа што не се откажувам од себеси.

Благодарна сум до мајка ми што ги чува сите мои медицински податоци и постојано е до мене, ме штити и ме поддржува, но најмногу од сѐ, верува во мене додека минувам низ ова“, напиша таа.

Бела вели дека животот со болеста додека упорно се труди да работи и да ги направи горди луѓето околу себеси, но и самата да се гордее, земал данок.

„Јас сум во ред и не сакам да се грижите и ништо не би променила во мојот живот.

Ако мораше да поминам низ сѐ ова повторно за да стигнам до овде, до овој момент во којшто се наоѓам ништо нема да променам. Сето ова ме направи тоа што сум“ – пишува Бела.

Нагласува дека 15-те години на невидливо страдање се вредни затоа што имала можност да споделува љубов од целото срце и да биде своја.

„Се обидов да ги изберам најпозитивните фотографии што можам затоа што колку и да е болно искуството, резултатот беше најпозитивното искуство во мојот живот што ми донесе голем број нови пријатели, нови визии и нов мозок“ – вели таа.

15-godini-strada-od-bolest-shto-se-prenesuva-od-zarazeni-krzhei-bela-hadid-pokazha-kako-izgleda-borbata-so-lajmskata-bolest-02.jpg

За крај таа им порача на своите обожаватели дека ќе се врати тогаш кога ќе биде подготвена.

Инаку лајмската болест е инфективно заболување предизвикано од бактерии кои припаѓаат на родот Borrelia и тоа: Borrelia burgdorferi, Borrelia garinii и Borrelia afzelii, а меѓу фотографиите што ги објави, Бела покажа дека во нејзината крв има присуство на овие бактерии.

15-godini-strada-od-bolest-shto-se-prenesuva-od-zarazeni-krzhei-bela-hadid-pokazha-kako-izgleda-borbata-so-lajmskata-bolest-03.jpg

Оваа болест кај луѓето се пренесува преку убод од инфициран крлеж. Пикот на ширење на болеста се поврзува со периодот кога крлежите се најактивни, т.е. од почетокот на пролетта до крајот на есента.

Инаку, Бела била дијагностицирана со лајмска болест на 16-годишна возраст. На 14, пак, почнале проблемите со менталното здравје и почнала да пие седативи „на своја рака“ бидејќи се чувствувала многу депресивно.

15-godini-strada-od-bolest-shto-se-prenesuva-od-zarazeni-krzhei-bela-hadid-pokazha-kako-izgleda-borbata-so-lajmskata-bolest-04.jpg

Таа досега повеќепати отворено зборувала за проблемите со нејзиното ментално и физичко здравје.

Освен Бела, и мајка ѝ Јоланда исто така се бори со истата болест, а во 2013-та година му беше дијагностицирана и на нејзиниот помал брат Анвар.

Прочитајте и Сезона на крлежи: Зошто овие паразити се опасни, што да правите при убод и како да се заштитите?

Погледнете уште неколку фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава