Ослабе 50kg, си ги среди забите, стана фитнес инструктор со извајано тело – Колку се трансформираше Сем Ашгари откако ја запозна Бритни Спирс?

Пред да ја запознае Бритни Спирс, Сем Ашгари имаше 130kg, но ослабна 50kg и почна да го менува телото по примерот на холивудските ѕвезди. Тој има и „нова насмевка“, а секој заб чини околу 5.800 долари. Како се трансформираше иранскиот модел, актер и фитнес инструктор, кој сега поднесе документи за развод од Бритни?

oslabe-50kg-si-gi-sredi-zabite-stana-fitnes-instruktor-so-izvajano-telo-kolku-se-transformirashe-sem-ashgari-otkako-e-so-britni-spirs-01.jpg

Откако сопругот на Бритни Спирс поднесе барање за развод (16.08), бидејќи пејачката наводно го изневерила и го тепала додека спиел, Сем Ашгари (29) е повторно во центарот на светското внимание.

Приказните се нижат: дека Сем ќе проба да го оспори предбрачниот договор и да добие повеќе пари од она што се договориле пред да се венчаат, дека пејачката го изневерила со маж кој е вработен како обезбедување на имотот кај што живеат, дека Бритни била насилна и го тепала и штипела додека спиел, дека Сем ќе ги каже јавно сите валкани тајни на Спирс.

Но, тука е и физичката трансформација на Сем. Пред да ја запознае Бритни имал 130kg, но ослабнал 50kg и откако се заедно целосно се трансформирал по примерот на холивудските ѕвезди.

oslabe-50kg-si-gi-sredi-zabite-stana-fitnes-instruktor-so-izvajano-telo-kolku-se-transformirashe-sem-ashgari-otkako-e-so-britni-spirs-03_copy.jpg

Сем е син на имигрант од Иран.

Имал 12 години кога со татко му се преселил во САД, оставајќи ги мајка му и трите сестри.

Кога бил на колеџ имал надежна рагби кариера.

Но, го исфрлиле од тимот, поради што му се сменил животот.

Сакал да студира криминалистичко право.

За да си ги плаќа сметките, почнал да работи на 3 места – како обезбедување во ноќен клуб, продавач на пакети за фитнес во Gold’s Gym и службеник во Best Buy.

Поради напорниот работен распоред, почнал да јаде само брза храна, и за кратко време стигнал до 130kg.

Поради дебелината паднал во депресија. Но, решил да го смени животот и за 6 месеци ослабнал скоро 50kg.

Почнал да јаде само колку да преживее и да не се исцрпи, внесувал малку калории и почнал да вежба редовно.

Една од сестрите му предложила да си ја проба среќата како модел.

Во тоа време почнал да оди и на аудиции, но скоро и да не добивал улоги во Холивуд.

Продолува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...
Тајните за исхрана и фит тело на Хајди Клум (заради кои на 52 шета гола и изгледа совршено) Јаде 900 калории на ден, сака сама да си готви здрава храна со балансирани намир...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...

Најчитани неделава