Надежни актери и музичари кои на трагичен начин го изгубија животот, пред да наполнат 30

Шерон Тејт беше убиена од страна на култот на Чарлс Менсон, а Ребека Шефер беше убиена од нејзин обожавател – бројни надежни актери и музичари немаа можност да го достигнат својот потенцијал и трагично го изгубија животот уште пред да наполнат 30 години.

nadezhni-akteri-i-muzichari-koi-na-tragichen-nachin-go-izgubija-zhivotot-pred-da-napolnat-30-01.jpg

Премногу славни личности го изгубиле животот на трагичен начин, а дел од нив не го дочекале ни 30-тиот роденден.

За дел од овие актери/музичари, веројатно не сте ни слушнале бидејќи трагично го изгубиле животот во период кога им се предвидувала блескава кариера, но немале можност да го достигнат својот потенцијал.

Познати личности кои го изгубија животот пред 30-тиот роденден:

Ребека Шефер

Ребека немаше можност да ја изгради својата кариера бидејќи беше убиена кога имаше едвај 21 година.

Во втората половина на 1980-тите, Ребека работеше како модел и актерка со улоги во неколку серии и филмови.

Според некои извори, во 1989 година имала и огромни шанси да ја добие главната улога во култниот Pretty Woman.

Но, на 18-ти јули истата година, младата актерка беше убиена од Робер Џон Бардо – обожавател кој бил опседнат со неа и постојано ја следел.

Наводно, тој му платил 300 долари на приватен детектив за да открие каде живее Ребека.

Две години подоцна, тој доби доживотна казна затвор.

nadezhni-akteri-i-muzichari-koi-na-tragichen-nachin-go-izgubija-zhivotot-pred-da-napolnat-30-02.jpg

Џонатан Брендис

Џонатан Брендис ја започна кариерата како дете модел, потоа почна да се појавува во реклами, а на крај и во филмови.

До 17-годишна возраст, тој стана огромна тинејџерска ѕвезда благодарение на серијата seaQuest DSV.

По откажувањето на серијата, актерот добиваше помали улоги и наводно поради ова почнал да страда од депресија.

Почнал и многу да пие, а според неговиот татко, најверојатно имал и биполарно растројство.

Поради сето ова, во 2003-та, на 27-годишна возраст, Џонатан изврши самоубиство. Тој не оставил никаква порака, па до денес се шпекулира што точно го натерало да посегне по својот живот.

nadezhni-akteri-i-muzichari-koi-na-tragichen-nachin-go-izgubija-zhivotot-pred-da-napolnat-30-03.jpg

Хит Леџер

Не треба да ви кажуваме кој е Хит Леџер – холивудскиот актер на кого му се предвидуваше блескава кариера.

Во 2008-ма, на само 28 години, Хит Леџер беше пронајден мртов во стан што го изнајмувал.

Аутопсијата покажала дека актерот случајно се предозирал со комбинација од лекови како апчиња за спиење и анксиозност.

Според неговото семејство, актерот дефинитивно не бил во депресија, што значи не станувало збор за самоубиство.

nadezhni-akteri-i-muzichari-koi-na-tragichen-nachin-go-izgubija-zhivotot-pred-da-napolnat-30-04.jpg

Алија

Во својата кариера, Алија си го зацврсти статусот како пејачка која ја дефинира модерната поп, R&B и хип-хоп музика.

За жал, на 22-годишна возраст, во период кога стануваше светски позната, Алија трагично загина во авионска несреќа.

Во 2001 година, таа летала кон Мајами со уште осум патници, кога авионот се срушил над Бахамите.

Истрагата покажа дека пилотот бил под дејство на кокаин, алкохол, како и дека авионот бил претоварен, а сето ова биле фактори што придонеле за трагедијата.

nadezhni-akteri-i-muzichari-koi-na-tragichen-nachin-go-izgubija-zhivotot-pred-da-napolnat-30-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
„Викторија ме натера да го побарам Дејвид, го фатив како нѐ изневерува и двете“ - Љубовницата на Деј... „Влегов во куќата, се качив по скалите и ги видов двајцата телохранители на Дејв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg