Кога чекаш дете со жената што долго си ја посакувал: Малума не престанува да го бакнува трудничкиот стомак на девојката

„Ова е и отсекогаш бил мој најголем сон“ – напиша Малума до фотографиите и видеата на кои постојано го бакнува трудничкиот стомак на својата сакана девојка. Откако раскина со претходната девојка, Малума е во врска со скромната Сузана, со која се познава од детството и наводно ја чекал да се разведе за да бидат заедно.

koga-chekash-dete-so-zhenata-shto-dolgo-si-ja-posakuval-maluma-ne-prestanuva-da-go-baknuva-trudnichkiot-stomak-na-devojkata-01.jpg

Познатиот пејач Малума неодамна објави дека неговата девојка Сузана Гомез е бремена, така што во неговиот спот за песната Procura се застапени инсерти од секојдневието на парот, како и мигот кога го гледаат нивното дете на ехо-снимка.

Малума долго време се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, а со девојката објавуваше само ретки фотографии, но тоа се промени откако светот дозна дека неговата девојка е бремена со нивното прво заедничко дете.

Пејачот постојано објавува фотографии и видеа на кои се гледа како го бакнува трудничкиот стомак на Сузана, откако откри дека тие очекуваат девојче на кое ќе му го дадат името Париз.

Пејачот во описот до фотографиите не ја крие радоста за тоа што конечно ќе му се исполни најголемиот сон и ќе добие ќерка.

„Нашето бебе расте многу брзо во стомакот и не можеме да дочекаме да ја запознаеме и да ја држиме во нашите раце... Ова е и отсекогаш бил мој најголем сон“ – напиша тој меѓу другото.

Тој исто така објави уште едно видео на кое го бакнува стомакот на својата сакана Сузана, а на него напиша:

„Луд сум по тебе, Париз“.

Инаку, Малума долго време се трудеше да ги сокрие деталите за врската со Сузана, но од информациите во колумбиските медиуми се дека тие се познаваат многу одамна и дека израснале заедно.

Во една пригода пејачот откри дека негов најголем сон е да најде животен партнер.

„Да, навистина сакам да остарам со некого и да имам семејство... Тоа е еден од моите најголеми соништа – да имам со кого да остарам и да му го дадам целиот свој живот“ – изјави Малума.

За Сузана се знае дека е архитектка и дизајнер, која во 2023-та година отвори компанија за дизајн на накит, Sileo Timeless Jewlery.

Исто така, се знае дека Сузана била во брак со друг маж, но Малума ја чекал да се разведе за да почне нивното поглавје. Дел од колумбиските медиуми објавија фотографии на кои се гледа Сузана со нејзиниот прв сопруг.

koga-chekash-dete-so-zhenata-shto-dolgo-si-ja-posakuval-maluma-ne-prestanuva-da-go-baknuva-trudnichkiot-stomak-na-devojkata-02_copy.jpg

За потсетување, претходно Малума беше во врска со хрватската манекенка Наталија Барулич со која раскина во 2019-та година заради неразјаснети околности. Набрзо потоа, манекенката започна врска со Нејмар, а се појавија и првите фотки на Малума со Сузана.

Прочитајте и Романтичната љубовна приказна на Малума и неговата избраничка - тајно бил вљубен во скромна девојка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава