Познати личности кои добија дете со сурогат мајка

Покрај Марија Шерифовиќ која доби син, кои други познати личности добија дете со сурогат мајка?

poznati-lichnosti-koi-dobile-dete-preku-surogat-majka-01.jpg

Многу парови, но и сингл родители од разни причини одлучуваат да добија дете со помош на сурогат мајка.

Изминативе неколку години, бројни познати личности добија дете со сурогат мајка.

Дел од нив во продолжение:

Грајмс и Илон Маск

Во интервју за Vanity Fair, Грајмс откри дека таа и милијардерот Илон Маск во тајност го дочекале своето второ дете преку сурогат во декември 2021 година. 

Пејачката изјави дека таа и Маск на својата ќерка ѝ го дале името Exa Dark Sideræl, но ја викаат Y, што е сосема соодветно имајќи предвид дека постариот брат X Æ A-XII го нарекуваат X.

Во јавноста се шпекулира дека парот неодамна добил уште еден син. 

Според пишувањата него го крстиле Techno Mechanicus.

Сепак, деталите околу раѓањето на детето, вклучувајќи го датумот и местото, засега остануваат тајна.

poznati-lichnosti-koi-dobile-dete-preku-surogat-majka-02.jpg

Ник Џонас и Пријанка Чопра

Музичарот Ник Џонас и една од најубавите жени во светот, актерката Пријанка Чопра, своето прво дете го добија со помош на сурогат мајка во јануари 2022 година. 

Парот - кој се венча во декември 2018 година - откри на Инстаграм дека добиле девојче преку сурогат мајка, бидејќи актерката се соочувала со компликации при забременување.

Камерон Диаз и Бенџи Маден

Познатата актерка и музичарот, член на рок групата Good Charlotte, пред две години преку сурогат мајка ја добија ќерката Радикс, а Диаз таа информација ја чуваше во тајност сѐ до раѓањето на детето.

Ким Кардашијан и Канје Вест

Раперот и ријалити ѕвездата ги добија двете најмали деца со сурогат мајка.

Ќерката Чикаго ја добија во 2018 година, а нивниот најмлад син Псалм се роди две години подоцна. 

Ким ги роди најстарата ќерка Норт и синот Сент. 

Поради тешките и ризични бремености на Ким, парот побара услуги од сурогат мајка.

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто) Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава