Сопругата на Канје се облече за прошетка со ќерка му, откако девојчето ја нацрта разголена (фото)

Откако објави видео со цртежот на кој својата маќеа ја имаше нацртано со гол задник, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт, беше забележана во Париз. Таа беше во друштво на сопругата на Канје, која за промена одлучи да го покрие телото со кожна јакна.

soprugata-na-kanje-se-obleche-za-proshetka-so-kjerka-mu-otkako-devojcheto-ja-nacrta-so-gol-zadnik-foto-01.jpg

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Сенсори, во неделата (25.02) беше фотографирана додека беше излезена со ќерката на нејзиниот сопруг и Ким Кардашијан, Норт (10), во Париз.

Забележително, Бјанка беше облечена доста скромно (за нејзини стандарди), со голема кожна јакна која целосно ѝ го прекри телото.

soprugata-na-kanje-se-obleche-za-proshetka-so-kjerka-mu-otkako-devojcheto-ja-nacrta-so-gol-zadnik-foto-02.jpg

Норт носеше дуксер со натписот Vultures Volume 1, со што му даде поддршка на татко ѝ за неговиот најнов албум, а на главата носеше крзнена шапка.

Тие двете беа забележани како се шетаат и одат во ресторани за брза храна во главниот град во Франција, а сите го коментираат скромниот изглед на сопругата на Канје, која се навикнавме да ја гледаме разголена и во скандалозни аутфити.

soprugata-na-kanje-se-obleche-za-proshetka-so-kjerka-mu-otkako-devojcheto-ja-nacrta-so-gol-zadnik-foto-04.jpg

Според Daily Mail, скромниот изглед на Бјанка се должи на тоа што претходната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, побарала од него да ѝ нареди да се облече кога е околу нивните деца.

Пред само една недела, речиси сите беа изненадени кога Норт објави видео со нејзиниот цртеж на кој маќеата ја имаше нацртано со гол задник, а мајка ѝ брзо го избриша од ТикТок.

soprugata-na-kanje-se-obleche-za-proshetka-so-kjerka-mu-otkako-devojcheto-ja-nacrta-so-gol-zadnik-foto-03.jpg

Погледнете повеќе фотографии од Бјанка и Норт во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ в... Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново видео, каде неверојатно личи ...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...

Најчитани неделава