„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа

„Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другите родители кога викаа дека би умреле за нивните деца“, открива Бредли Купер во ново интервју.

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-01.jpg

Бредли Купер и Ирина Шајк се разделени од 2019 година, но важат за најдобар пример за тоа како треба да функционира разделен пар кој има дете.

Во 2017-та, тие ја добија ќерката Леа и двајцата активно се грижат за неа по разделбата. Неретко, тие и заедно излегуваат со ќерка им.

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-04.jpg

Сепак, иако јавноста го гледа Бредли како совршен татко, во ново интервју со Дакс Шепард тој откри дека на почетокот му било тешко да се привикне на новата улога.

49-годишниот актер вели дека воопшто не ги разбирал неговите пријатели кои викале дека „би умреле за нивните деца“.

„Во првите осум месеци, не знаев ни дали ја сакам ќерка ми. Интересно е, гледам како се оформува ова нешто.

Фасциниран сум од детето, сакам да се грижам за него. Но, дали би умрел за него ако некој ми впери пиштол?“

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-03.jpg

Сепак, актерот вели дека по неколку месеци, почнал да разбира што значи „да се умре за твоето дете“.

„И потоа, одеднаш, без двоумење сфатив (дека би умрел за неа).

Сакав и да станам подобра личност за да ѝ направам што помалку шета на ќерка ми. Не знам ни дали би бил жив ако не бев татко“.

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-05.jpg

Бредли вели дека станал многу повнимателен дури и за работи како брзо возење, само за да биде сигурен дека ќерка му ќе има родител.

„Детето диктира сè во вашиот живот откако ќе се роди. Вашата ДНК ви кажува дека има нешто поважно од вас“, додава тој.

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-06.jpg

Актерот се осврна и на начинот на којшто ја воспитува ќерка му и каков однос има со неа.

„Многу мислам на тоа, во смисла како мојата врска со ќерка ми има влијание врз нејзиното растење.

Сфатив дека овој март ќе наполни седум години. Јас имав лош однос со татко ми, не минував многу време со него.

Мислам дека со ќерка ми имам поминато повеќе време отколку со татко ми во текот на целиот живот“, вели актерот и додава дека обожава да си разговара со ќерка му.

mislam-deka-ne-ja-sakav-koga-se-rodi-bredli-kuper-iskren-za-kjerka-mu-lea-02.jpg

Бредли и Ирина беа заедно од 2015 година. По разделбата во 2019-та, редовно излегуваат заедно со ќерка им, а заедно беа и на одмор.

Извесен период се појавија гласини дека ќе се смират, но моментално актерот се гледа со Џиџи Хадид.

Погледнете и: Ирина Шајк зборува за бившиот со восхит: „Бредли е строг татко и не му требаат дадилки“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg