Ирина Шајк зборува за бившиот со восхит: „Бредли е строг татко и не му требаат дадилки“

„Тој е целосно посветен татко – без дадилки. Леа беше на одмор со него цели две недели, јас ниту еднаш не им се јавив“ – Со овие зборови Ирина Шајк опишува каков татко е Бредли Купер.

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-01.jpg

Топ-моделката Ирина Шајк (35) даде подолго интервју за магазинот Highsnobiety каде накратко прокоментира и за гласините за нејзината наводна врска со поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, раперот Канје Вест.

За гласините дека била во врска со раперот Канје Вест не сака да говори многу. Таа не ги демантира гласините, што дополнително се засилија откако двојката беше фотографирана заедно во Франција, но напоменува дека смета дека приватниот живот треба да биде приватен.

„Утре ќе има гласини дека се гледам со портирот во ред? Потоа задутре ќе биде некој друг... Секогаш има нешто на тоа поле, но одлучувам да го зачувам за себеси“ – вели таа.

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-02.jpg

Сепак, таа е поотворена кога станува збор за бившите партнери, па така не штедеше на убави зборови за Бредли Купер со кого ја има ќеркичката Леа.

„Тој е целосно посветен татко – без дадилки. Леа беше на одмор со него цели две недели, јас ниту еднаш не им се јавив. Јас и татко ѝ сме мошне строги. Кога ќе заврши со оброкот, таа треба да ја земе чинијата, да каже ‘благодарам’. Таа не добива ништо без да каже ‘ве молам’ или ‘благодарам’“ – вели Ирина.

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-02_1.jpg

Понатаму додава дека животот на нејзината ќерка во голема мера се разликува од начинот на кој што познатата манекенка растела:

„Тешко е, таа има толку многу играчки. Јас имав само една кукла и уште ја имам таа кукла. Русокоса со сини очи, голема руска кукла. Баба ми порано шиеше облека за неа.

Секогаш ѝ објаснувам на Леа дека ‘ова е мојата кукла, јас имав само една кукла! Ти имаш слатки секој ден, јас добивав слатки само за Божик’.“

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-03.jpg

Инаку, Ирина Шајк и Бредли Купер беа во врска од 2015-тата до 2019-тата година, а заедно во 2017-тата година ја добија ќеркичката Леа Де Сен Шајк Купер.

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-04.jpg

Што се однесува до нејзините идни планови, Ирина вели дека е можно во иднина да се обиде и на филмското платно, но за тоа останува да видиме.

irina-shajk-za-bredli-kuper-toj-e-celosno-posveten-strog-tatko-i-ne-najmuva-dadilki-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ирина Шајк и Бредли Купер разгореа гласини – шетаат фатени под рака како во старите времиња (фото) Бредли Купер и Ирина Шајк прошетаа низ Менхетн фатени под рака, а широката насме...
На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојк... На 18 години работела во клуб за секс-фантазии, каде доминирала со непознати маж...
„Мирните“ партнери ги заменија за „лоши момци“ – 10 славни парови кои ја одбележаа 2021 По раскинувањето на 20-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо си најде по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg