2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“

Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за медиумите вели дека жртвувала многу во име на љубовта. „Долго време ја ставив кариерата на пауза за тој да може да игра фудбал“ – изјави Шакира.

i-po-2-godini-od-razdelbata-shakira-ne-se-pomiruva-zhrtvuvav-tolku-mnogu-za-nego-01.jpg

Во јуни 2022 година Шакира (47) и официјално објави дека се разделува од нејзиниот долгогодишен партнер, фудбалерот Жерар Пике (37), но очигледно е дека таа сѐ уште не може да се помири со распадот на нивната врска и со неговото неверство.

Таа неодамна даде интервју за The Sunday Times каде отворено зборуваше за 11-годишната врска со 10 години помладиот партнер, со кого ги доби двата сина Милан и Саша.

„Долго време ја ставив мојата кариера на пауза, за да бидам до Жерар, за тој да може да игра фудбал. Жртвував многу за љубовта“ – рече пејачката која најави нов албум насловен Las Mujeres Ya No Lloran.

i-po-2-godini-od-razdelbata-shakira-ne-se-pomiruva-zhrtvuvav-tolku-mnogu-za-nego-_2.jpg

На албумот ќе се најдат некои од веќе објавените одмазднички песни, во кои таа пееше за неверството на нејзиниот поранешен партнер, а веќе најави и нова песна која исто така му е посветена на него.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)

Песната La Fuerta која треба да излезе наскоро е уште една соработка со раперот Bizarrap со кого ја објави првата песна посветена на Пике, Session 53, a според објавените сегменти од неа, може да се процени дека пејачката и по две години не може да му прости за неверството.

„Уште една ноќ помна без да те видам, уште една ноќ во која глумам дека сум силна. Го избришав твојот број и веќе знам дека не можам да те заборавам, колку и да се трудам“ – пее таа.

i-po-2-godini-od-razdelbata-shakira-ne-se-pomiruva-zhrtvuvav-tolku-mnogu-za-nego-_6.jpg

За потсетување, минатата година Шакира даде интервју во кое зборуваше за тоа дека верувала во доживотна љубов.

„Мојот приоритет ми беше мојот дом, моето семејство. Верував дека ќе бидеме заедно додека смртта не нѐ раздели. Верував во тој сон.

Моите родители се заедно околу 50 години и се сакаат како првиот ден и имаат единствена и неповторлива љубов. Затоа знаев дека тоа е возможно.

Тоа го сакав за себе и за своите деца, но не се случи“ – изјави Шакира.

i-po-2-godini-od-razdelbata-shakira-ne-se-pomiruva-zhrtvuvav-tolku-mnogu-za-nego-_7.jpg

Инаку, по разделбата, Пике се пензионира од фудбалескиот терен, а веќе две години е во врска со девојката со која ја изневери пејачката, Клара Чиа.

Со оглед на тоа што Пике и Клара ретко се појавуваа во јавност заедно во изминатиот период, на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини дека е можно да раскинале, но потоа беа објавени фотки на кои се гледа дека Клара е заедно со Пике и неговото семејство на фудбалски натпревар во Шпанија.

i-po-2-godini-od-razdelbata-shakira-ne-se-pomiruva-zhrtvuvav-tolku-mnogu-za-nego-_1.jpg

Прочитајте и „Сè што ми треба е твојата среќа“ - Шакира во емотивно видео пее заедно со синовите, тие ѝ се лек за болката од Пике

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg