„Тој си седи, а таа весла“ – Жерар Пике и Клара Чиа се на одмор во Хрватска, а фотка од нив стана хит во медиумите

Клара Чиа во зелени полутанга бикини весла додека Пике си седи на СУП даска... Низ шпанските медиуми кружат првите фотки од одморот на шпанскиот фудбалер и неговата девојка во Хрватска.

toj-si-sedi-a-taa-vesla-hit-fotka-od-pike-i-klara-chia-od-odmorot-vo-hrvatska-01.jpg

Шпанскиот фудбалер Жерар Пике (36) деновиве е на одмор во Хрватска, а во шпанските медиуми се појавија првите папарацо фотки направени додека тој уживал на јахта со девојката заради која ја прекина долгогодишната врска со Шакира.

toj-si-sedi-a-taa-vesla-hit-fotka-od-pike-i-klara-chia-od-odmorot-vo-hrvatska-03_copy.jpg

На насловната страница на шпанскиот портал Lecturas е објавена фотката на која се гледа како Пике си седи на СУП даска, додека Клара Чиа (24) весла.

Наводно, фудбалерот сакал да побегне од проблемите со поранешната партнерка со која во моментов повторно води битка околу старателството над синовите, па одлучил да побегне на Балканот и заедно со семејството да ужива во убавините на Хрватска.

toj-si-sedi-a-taa-vesla-hit-fotka-od-pike-i-klara-chia-od-odmorot-vo-hrvatska-02.jpg

Според шпанските медиуми, најголемите превирања настанале кога Шакира, одбила да им дозволи на синовите Милан и Саша да присуствуваат на свадбата на нивниот чичко Марк, каде што фудбалерот беше заедно со Клара Чиа.

Како што може да се види од фотографиите од одморот на Пике и Клара кои кружат на социјалните мрежи, парот на одмор заминал заедно со семејството на фудбалерот.

Фудбалерот и неговата девојка уживале на јахта заедно со неговите родители Хоан Пике и Монтсерат Бернабеу и неговиот брат Марк Пике со сопругата Марија Валас.

Прочитајте и Се пресмета со фотографот што ѝ го направи животот пекол, па ја бакна среде улица  – Пике дава сѐ од себе да ја заштити Клара Чиа

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Ja затвориле во установа со шизофренија: Која е првата холивудска „it девојка“? Актерката Клара Боу од ерата на немите филмови е личноста што го прослави изразо...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Лорен Санчез едвај оди со штикли по плажа на Ибица - Џеф Безос ја држи да не скрши глужд, Ди Каприо ... На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините високи потпет...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...

Најчитани неделава