Се пресмета со фотографот што ѝ го направи животот пекол, па ја бакна среде улица  – Пике дава сѐ од себе да ја заштити Клара Чиа

„Ја штити како лав, ја чува како да е од кристал“ – коментираат твитерџиите откако Жерар Пике на суд се справи со папарацо фотографот што прв ги објави фотографиите на Клара Чиа и го откри нејзиниот идентитет во јавноста. Бакнежот по судењето се прошири на социјалните мрежи.

se-presmeta-so-fotografot-shto-i-go-napravi-zhivotot-pekol-pa-ja-bakna-srede-ulica-pike-dava-s-od-sebe-da-ja-zashtiti-klara-chia-01.jpg

Животот на младата Клара Чиа преку ноќ се смени откако се дозна дека е во врска со познатиот фудбалер Жерар Пике.

Таа стана една од најомразените жени во светот кога се откри дека имала афера со Пике додека тој беше во врска со Шакира.

se-presmeta-so-fotografot-shto-i-go-napravi-zhivotot-pekol-pa-ja-bakna-srede-ulica-pike-dava-s-od-sebe-da-ja-zashtiti-klara-chia-04_copy.jpg

По веста дека Пике и Шакира се разделуваат, шпанските и светските медиуми долго време нагаѓаа која е девојката со која тој ја изневерил познатата пејачка.

Папарацо фотографот Џорди Мартин прв ги „улови“ заедно додека одеа на свадба и потоа Клара стана постојано прогонувана од фотографи.

se-presmeta-so-fotografot-shto-i-go-napravi-zhivotot-pekol-pa-ja-bakna-srede-ulica-pike-dava-s-od-sebe-da-ja-zashtiti-klara-chia-02.jpg

Џорди беше упорен во тоа постојано прв да има нови фотографии од Клара и Пике, па постојано ги следеше насекаде, заради што девојката на фудбалерот одлучи да поднесе тужба и да побара судот да му даде на фотографот забрана за приближување.

Вчера (07.06) Пике и Клара Чиа се појавија на суд и извојуваа победа, откако на фотографот му беше забрането да ѝ се приближи на девојката на Пике и треба постојано да се држи на оддалеченост од 1.000 метри.

se-presmeta-so-fotografot-shto-i-go-napravi-zhivotot-pekol-pa-ja-bakna-srede-ulica-pike-dava-s-od-sebe-da-ja-zashtiti-klara-chia-04.jpg

Насобраните луѓе пред судот во Барселона побрзаа да ги извадат мобилните телефони и да го снимаат моментот кога Пике и Клара Чиа излегоа од судот, а фотките на кои се гледа како тој страсно ја бакнува девојката среде улица станаа хит на Твитер.

„Тие постојано покажуваат колку се сакаат и си даваат поддршка еден на друг. Се гледа дека Жерар ја штити како лав, се грижи за неа како да е изработена од кристал и како таа да е неговото највредно богатство“ – стои во еден од твитовите.

Инаку, на својот Инстаграм профил фудбалерот објави уште една заедничка фотографија со девојката, со која покажа дека љубовта меѓу нив е силна и ништо не може да ѝ застане на патот.

Прочитајте и „Тверка среде улица, се гледа дека е под дејство на алкохол“ – Девојката на Пике „уловена“ во сосема поинакво издание (видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава