Бред Пит често ја удирал Џоли, ја уценувал со децата и ја терал да потпише договор за молчење: Нови обвиненија против актерот

„Договорот за молчење му беше многу важен и јасно е што сакал да скрие со него - неговото насилство кон Анџелина Џоли и нивните деца“, тврдат адвокатите на актерката во судската битка која трае веќе 8 години.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-01.jpg

Бред Пит и Анџелина Џоли се разделија во 2016, а го финализираа разводот во 2019 година.

Но, парот до денес „се влече“ по судови за заедничкиот имот, старателството, но и за обвиненијата против Бред Пит за семејно насилство.

Според досегашните информации, Џоли одлучила да се разведе од актерот откако тој го нападнал син им Медокс во нивниот приватен авион.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-03.jpg

Но, сега адвокатите на актерката тврдат дека Бред Пит бил насилен долго пред тој инцидент.

„Додека историјата со физичко насилство на Пит кон Џоли почна долго пред летот со авион во септември 2016-та, летот го одбележа првиот пат кога Пит беше насилен кон децата“, пишува во документите од адвокатскиот тим на Џоли.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-06.jpg

Според извор на Daily Mail, Бред одбивал да оди на советување за семејно насилство и не сакал да се решат сериозните проблеми во нивното семејство.

Притоа, ја уценувал актерката барајќи целосно старателство над нивните деца.

„Тој не само што бараше заедничко старателство – вклучувајќи и врз децата со кои со години немал стабилен однос – туку бараше и целосно старателство над децата доколку тие не се поврзат со него и не си ги подобрат односите“.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-0.jpg

Адвокатите на Џоли тврдат дека и покрај целата ситуација, таа не барала целосно старателство, туку сакала желбите на децата да бидат приоритет.

Истовремено, кога почнала бракоразводната постапка, Бред барал од Анџелина да потпише договор за молчење.

Бидејќи таа не сакала, тој одбивал да го купи нејзиниот дел од нивната заедничка винарија, со тоа пролонгирајќи ја судската битка за имотот.

„Господин Пит одби да го купи делот на госпоѓица Џоли откако таа одби да биде замолчена со договорот.

Со тоа што одби да го купи делот, а потоа ја тужеше, јасно покажа зошто договорот за молчење му е толку важен и што се надевал дека ќе прикрие со него – неговото насилство кон госпоѓица Џоли и нејзиното семејство“, стои во судските документи.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-04.jpg

Друг извор на Daily Mail вели дека на Анџелина ѝ било „преку глава“ од влечењето по судови, но морала бидејќи Бред не се откажувал и ја присилувал да се брани.

„Ова е многу тажна ситуација и Анџелина само сака Бред да ја остави на мир“.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-07.jpg

Извори блиски до Бред Пит тврдат дека сите обвиненија против актерот се измислица, но адвокатите на Анџелина велат дека тој бил толку добар манипулатор, што го спречил сведочењето на нивите деца.

„Некои од нивните деца кои се постари од 14 години сакаа да сведочат за старателството, за што имаат и право, но Пит се спротивставуваше на тоа да биде земено предвид нивното мислење…

И покрај физичкото насилство кон неговите деца, судиите застанаа на негова страна, и покрај нивната желба да сведочат“.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-05.jpg

Во целата драма, три од децата на парот – Медокс, Пакс и Захара – јавно се откажаа од татко им.

Но, неодамна се дозна дека Шајло, која наскоро ќе наполни 18 години, сепак одлучила да живее со татко ѝ.

Засега актерите се немаат огласено за новостите околу судската битка.

novi-obvinenija-protiv-bred-pit-ja-maltretirashe-dzholi-ja-ucenuvashe-so-decata-i-ja-terashe-da-potpishe-dogovor-za-molchenje-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...
Глумеа „принцови од бајки“, а животот со нив е хорор филм - Актери од латино и турски серии кои се с... Луи Давид од „Касандра“ бил во затвор заради семејно насилство, а има гласини де...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg