Ким Кардашијан доаѓа во Белград: Бара свежо цвеќе и претседателски апартман, 10 исти автомобили како мамка

Најголемата светска ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, во јуни ќе го посети Белград - доаѓа со приватен авион, ќе отседне во претседателски апартман. Што е досега познато за посетата на Кардашијан во Србија и какви сè барање имала? 

kim-kardashijan-doagja-vo-belgrad-kakvi-baranja-ima-i-shto-saka-da-vidi-pri-prestojot-vo-srbija-01_copy.jpg

Ким Кардашијан овој јуни ќе дојде во Белград. Во српската престолнина таа ќе отвори продавница од своите модни брендови Skkn By Kim и Skims, а ќе присуствува и на гала забава во нејзина чест, пишуваат српските медиуми.

„Ким ќе дојде во Белград од Германија, поточно од Гелзенкирхен, каде што со синовите Сент и Псалм ќе присуствува на натпреварот меѓу Србија и Англија на 16 јуни, кој се игра во рамките на Европското првенство.

Со неа ќе бидат и неколку членови од нејзиниот тим, а ќе слетаат со приватниот авион на Кардашијан.

Таа и нејзините деца ќе бидат сместени во претседателскиот апартман во еден од најпознатите хотели во градот“, рекол за Kurir.rs извор близок до организацијата на настанот.

Тој открил и дека Ким ќе остане во Белград два дена, а освен нејзиното лично обезбедување, ќе има и дополнително обезбедување кое ќе ја следи 24 часа.

„Во Белград доаѓа за да ја отвори продавницата на својот бренд, која ќе се наоѓа во еден од трговските центри, а која е прва во овој дел од Европа.

Истата вечер за неа ќе се организира огромна забава на која ќе присуствуваат и многу познати личности од јавниот живот на Србија“, додал изворот.

Наводно, Ким изразила желба да го посети храмот Св. Сава, но и Калемегдан и делот покрај Сава и Дунав.

Од организаторите барала и да ѝ биде обезбеден посебен излез од хотелот, но и да има уште 10 автомобили како нејзиниот кои би служеле како мамки за папараците, кои ќе сакаат да ја следат.

Барала и букети свежо цвеќе во апартманот и храната да им се носи во собата.

Од Белград Ким ќе замине во Париз на Модната недела.

Инаку, Ким била во Србија во 2017 година во тајност, а тогаш го посетила Националниот парк Увац заедно со екипа от ТВ каналот Travel, кои снимале репортажа за овој дел од земјата.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...

Најчитани неделава