Најпознатите русокоси од Холивуд - Филмовите кои ги снимија уште се хит поради нивната убавина

Ел Вудс, Рејчел Грин, Саманта Џонс, Елвира Хенкок се само дел од улогите кои ги прославија некои од славните русокоси дами.

slavni-rusokosi-01.jpg

Играјќи ги улогите на привлечни русокоси, овие актерки се прославија, а култните филмови и денес се актуелни и покрај тоа што помина многу време од нивните премиери.

Погледнете некои од најубавите и најпознатите русокоси на филмското платно:

Ел Вудс - „Legally Blonde"

Актерката Рис Витерспун се прослави со улогата на адвокатката Ел Вудс која прави сè за да го врати своето поранешно момче.

Таа решава да го следи на правниот факултет. Додека е таму, таа сфаќа дека поседува многу повеќе квалитети, а не само убавината.

Првата премиера на филмот беше во 2001-ва година, а заработи повеќе од 140 милиони долари.

poznati-rusokosi-02.jpg

Шарпеј Еванс - „High School Musical“

Ешли Мишел-Тисдел ја игра главната улога во „High School Musical" и „High School Musical 2". Таа подоцна стана една од главните протагонисти во третиот филм, „High School Musical 3".

Филмот доживеа голем успех, а за Ешли беше отскочна даска за во 2006 година да започне соло музичка кариера.

Нејзиниот деми албум „Headstrong“ бил издаден во февруари 2007 година и успеа да се задржи на 5-то место на топ-листата во САД, а биле продадени 64.000 копии само првата недела.

poznati-rusokosi-03.jpg

Саманта Џонс - „Sex and The City“

Саманта Џонс е една од најпознатите русокоси во Холивуд. Таа е измислен лик создаден од Кендис Бушнел која се појавува во „Сексот и градот“.

Саманта е самоуверена и сексуално ослободена жена во четириесеттите години со склоност да излегува со повеќе мажи.

Улогата на Саманта ја толкува актерката Ким Катрал, a ѝ донесе голема слава.

slavni-rusokosi-04.jpg

Беатрикс Кидо - „ Kill Bill"

Убавата Ума Турман ја игра улогата на Беатрикс Кидо во филмот „Kill Bill" чија премиера беше во 2003 и Kill Bill 2 (2004), во режија на Квентин Тарантино.

Во 2010 година од Entertainment Weekly, ликот на Беатрикс беше прогласен како 99-ти најголем лик во претходните 20 години, а во 2015 година Empire ја прогласи за 23-ти најголем филмски лик на сите времиња.

slavni-rusokosi-06.jpg

Шер Хоровиц - „Clueless“

Главната улога во филмот „Clueless“ ја глумеше Алиша Силверстоун.

Во филмот таа е богатата тинејџерка Шер Хоровиц која живее со нејзиниот татко адвокат во Беверли Хилс, Калифорнија.

Овој филм беше отскочна даска за Алиша која потоа се појави во многу филмови, но и во музички спотови.

najpoznatite-rusokosi-od-holivud-filmovite-koi-gi-snimija-se-ushte-se-hit-poradi-nivnata-ubavina-.jpg

Реџина Џорџ - „Mean Girls"

Актерката Рејчел МекАдамс ја играше улогата на Реџина Џорџ во филмот Mean Girls чија премиера беше во 2004 година.

Реџина Џорџ е мајсторски манипулатор, кој користи навреди и понижување за да воспостави контрола над нејзините пријатели и соученици, a опседната е со својата убавина.

slavni-rusokosi-07.jpg

Серена ван дер Вудсен - „Gossip Girl"

Серена е главен лик во серијата „Gossip Girl", во која улогата ја толкува убавата холивудска актерка Блејк Лајвли.

Таа е најдобра пријателка со Блер Валдорф и блиска пријателка со Нејт Арчибалд и Чак Бас.

Серена ван дер Вудсен всушност е измислен лик, позната како „ин девојката на Менхетн“ и е девојка која изгледа како лесно да добива сè што сака поради нејзината волшебна убавина и харизма.

najpoznatite-rusokosi-od-holivud-filmovite-koi-gi-snimija-se-ushte-se-hit-poradi-nivnata-ubavina--.jpg

Елвира Хенкок - „Scarface"

Елвира Хенкок е лик во американската крими-драма филм „Scarface" од 1983 година, а Мишел Фајфер дефинитивно беше вистинската за оваа улога.

Не се знае многу за минатото на Елвира Хенкок освен дека е родена во Балтимор, Мериленд. Откако го напуштила Балтимор, таа се упатила кон Мајами во потрага по својот биолошки татко.

Таа се вработила како келнерка во клуб наречен Вавилон клуб, каде што го запознала нарко босот Френк Лопез. Набргу потоа, Френк ѝ понудил работа како секретарка во Лопез Моторс и потоа почнува приказната за наркобосот и убавицата.

slavni-rusokosi-07_1.jpg

Рејчел Грин - „Friends"

Улогата на омилената девојка од „Пријатели“ ја игра Џенифер Анистон. Од првата до десеттата сезона Рејчел претрпе голема трансформација.

Во потрага по вистинската љубов таа секогаш завршуваше во прегратките на Рос.

Низ серијата имавме можност да видиме како таа многупати прави погрешни чекори, но тоа е нешто што е дел од секојдневието на сите. 

slavni-rusokosi-09.jpg

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава