Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс докажа дека е родител за пример?
-->
Освен што ја носела на родендени и се трудела да биде тука за неа, Кејти во една пригода рече дека сама ги готви оброците за нејзината ќерка и дека секое утро, пред да отиде Сури во училиште, таа се труди да ја испрати со домашно подготвен појадок.
Во 2017-та година рече дека мајчинството ѝ е најважната улога и дека постојано се труди прво да биде тука за својата ќерка, а потоа за сè друго.
За време на пандемијата, Кејти во интервју рече дека е благодарна за карантинот затоа што во тој период можеле заедно да сликаат, да шијат и да уживаат.
„Секој ден децата се оддалечуваат по малку од тебе. Тоа е позитивна работа. Треба да стануваат понезависни, но ти се крши срцето.
Сакаш да останат со тебе засекогаш, но тие се прекрасни суштества и мораш да направиш сè за да им го дадеш тоа што им треба – и тие ќе си заминат.
И тоа ќе биде многу тажен миг за мене“ – рече Кејти во една пригода.
-->
Инаку, што се однесува до карактерот на Сури, Кејти во една пригода рече дека таа е мошне упорна девојка со цврст карактер, особини кои во голема мерка потсетуваат и на нејзиниот славен татко.
„Таа ќе избере активност и ќе работи до крај сè додека не стане одлична во тоа што го прави. Потоа само ќе рече: ’Во ред треба да пробам нешто ново'. Таа е мошне фокусирана и трудољубива“ – рече Кејти.
Дали Сури ќе остане доследна на првичната одлука да нема никаков контакт со татко ѝ, останува да видиме.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј...
„Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...
„Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во...
Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г...
Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...