Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Смешно или тренди: Карди Би мета на шеги поради огромна Chanel чанта која чини 12.000 долари (фото)

Карди Би беше во Дизниленд во Париз со семејството, а за пригодата носеше огромна Chanel чанта која изгледа дури и комично, a чини вртоглави 12.000 долари.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-01.jpg

Провокативните и впечатливи аутфити не се новост за Карди Би, но веројатно ништо не привлекло внимание како огромната Chanel чанта што ја носеше во Дизниленд во Париз.

Во вторникот (09.07), пејачката беше во забавниот парк со партнерот Офсет и децата, по повод 6-иот роденден на ќерка им.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-06.jpg

Карди носеше долг фустан со цветни мотиви, а аутфитот го дополнила со огромна сребрена чанта.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-02.jpg

Чантата изгледа како моделите кои се доста популарни изминативе неколку години, единствено што е многу, многу голема и наликува на куфер.

Според Page Six, нејзината цена е вртоглави 12.000 долари.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-04.jpg

Во коментари на социјалните мрежи, многумина се шегуваат на сметка на чантата.

А, бидејќи периодов постојат гласини дека Карди е бремена, некои се сигурни дека со чантата само го крие стомачето.

„Парите не купуваат вкус“.

„Ја носи огромната чанта само за да го скрие стомачето“.

„Сигурно од Chanel ѝ платиле за да ја носи чантата, зошто инаку би ја носела“

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-05.jpg

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-03.jpg

Ќерката на парот полни шест години денес, но според објавите на пејачката, семејството почнало со славење неколку дена претходно.

Најпрво Карди сподели фотки на Инстаграм Стори од приватен авион, а на една од фотографиите во преден план е и огромната чанта.

Во авионот, пак, доминира розовата боја.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-7.jpg

Потоа дел од денот поминале во Париз, пред да одат во Дизниленд.

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-09.jpg

smeshno-ili-trendi-kardi-bi-meta-na-shegi-poradi-ogromna-chanel-chanta-koja-chini-12-000-dolari-foto-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg