Криси Тајген откри дека синот Мајлс (6) има дијабетес тип 1: „Вчера му дадовме прва доза инсулин“

„Го забележавте неговиот сензор за дијабетес тип 1 на раката. Може да биде многу полошо! Откако направивме неколку тестови, ни кажаа дека болеста е во почетна фаза“, изјави Криси Тајген за дијагнозата со дијабетес тип 1 на синчето Мајлс.

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin01.jpg

Пред неколку дена, Криси Тајген сподели фотка од неа, ќерката Луна и синот Мајлс, на која држат транспаренти со кои ѝ даваат поддршка на олимписката гимнастичарка од САД, Симон Бајлс.

Во коментари, многу од следбениците на Криси забележаа дека малиот Мајлс на раката има нешто што наликува на сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта – направа што ја користат дијабетичарите.

Синоќа (31.07), по бројните прашања од фановите, Криси се огласи за здравствената состојба на 6-годишниот син и потврди дека има дијагноза дијабетес тип 1.

„Многумина од вас забележаа нешто посебно на фотката што ја објавив пред неколку дена – Луна, Мајлс и јас ги бодриме Симон и тимот на САД.

Раката на Мајлс е крената и многумина од вас со нас ги споделија најубавите зборови што сум ги видела на оваа платформа.

Го забележавте неговиот сензор за дијабетес тип 1 и ни испративте многу љубов и охрабрување. Бев и уште сум восхитена од добрината на оваа заедница.

Знам, може да биде многу полошо! Многу родители ширум светот минуваат низ страшни работи кои не можам ни да си ги замислам…

И, ние сме благословени што имаме голема помош и прекрасен и добар специјалист.

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin-05.jpg

Пред неколку недели, нашиот Мајлс се разболе, беше во болница со тешка форма на шигела – инфекција на цревата предизвикана од бактерија во храната или водата.

Сите негови другарчиња беа заразени, бидејќи сите беа во истиот летен камп – па, некогаш се случуваат и такви работи!

Но, лекарите сфатија дека нешто друго не е во ред со неговата крвна слика. Тогаш дознав дека многу дечиња вака ја добиваат дијагнозата за дијабетес тип 1 – одат во болница за нешто потполно друго.

Откако направивме уште неколку тестови, ни кажаа дека болеста е во почетна фаза. Синоќа му ја дадовме првата доза инсулин…

Ова е ново за нас и дефинитивно учиме многу по пат.

Оваа објава е со цел да ви се заблагодарам за добрината. На Мајлс му помага тоа што знае дека многу други луѓе минуваат низ истото и дека не е сам“, пишува во објавата на Криси.

Таа сподели и фотка од сликовницата која му ја читале на Мајлс, а има за цел да му објасни што значи дијабетесот.

Засега нема лек за дијабетес тип 1, но болеста може да се контролира со инсулин.

Како што објаснува Криси, Мајлс е во почетна фаза на болеста, што значи засега му треба помала доза инсулин за контролирање на симптомите.

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin-02.jpg

За потсетување, Џон и Криси имаат уште три деца покрај Мајлс – 8-годишната Луна, 1-годишната Ести и 1-годишниот Врен Александар кој го добија со сурогат мајка.

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin-03.jpg

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin-04.jpg

krisi-tajgen-otkri-deka-sinot-majls-6-ima-dijabetes-tip-1-vchera-mu-dadovme-prva-doza-insulin-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Ал Пачино жали што не се венчал со Дајан Китон: „Беше љубовта на неговиот живот, а сега е предоцна“ По смртта на актерката Дајан Китон, Ал Пачино жалел за неговата најголема грешка...

Најчитани неделава