По раскинувањето со Џони Деп беше во депресија, украде дизајнерска облека: Како Винона Рајдер си ја врати популарноста?

По раскинувањето на свршувачката со Џони Деп, Винона Рајдер имала клиничка депресија, но не добивала соодветен третман. Неколку години не се појавуваше во јавноста, но сега постепено си ја враќа старата популарност.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-01.jpg

Во 1990-тите, Винона Рајдер беше една од најпознатите холивудски актери.

Имаше улоги, неретко главни, во некои од најпознатите филмови од тој период, вклучувајќи ги Edward Scissorhands и Bram Stoker’s Dracula.

Сепак, поради низа проблеми во приватниот живот, актерката извесен период се повлече од јавноста, сè до премиерата на хит-серијата Stranger Things во 2016-та.

Сега, пак, се чини повторно си ја враќа старата популарност благодарение на второто продолжение на Beetlejuice.

Што точно се случи со актерката?

Иако беше славна во тинејџерските години, соучениците ја малтретирале

Вo 1988 година, Винона ја имаше главната улога во Beetlejuice – филм што ѝ донесе светска слава на само 16-годишна возраст.

Подоцна актерката откри дека на училиште имала проблеми со социјализација, па мислела дека успехот со филмот ќе го промени тоа.

„Си помислив, штом филмот е популарен, ситуацијата на училиште ќе се промени.

Но, стануваше полошо. Почнаа да ме нарекуваат вештерка“.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-02_copy.jpg

Во наредните неколку години, таа се појави уште во неколку попопуларни филмови, но ова не го променило односот со нејзините врсници.

„Не бев прифатена во средно, ниту во основно. Постојано ме задеваа. Немав пријателки, освен една – Хедер.

Можеби ќе ви звучи чудно, но дури и откако станав славна, соучениците не беа добри кон мене.

Одев во средно до втора година и дотогаш имав снимено четири филма. Но, другите ученици уште фрлаа со храна по мене“, откри актерката во интервју за Vogue.

По завршувањето на втора година, Винона го напуштила училиштето за да се фокусира на актерската кариера.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-03.jpg

Со Џони Деп беа омилениот холивудски пар

Џони Деп и Винона Рајдер се запознаа на снимањето на Edward Scissorhands каде што ги имаат главните улоги.

Врската ја почнаа во 1989-та, кога Винона имаше 17, а Џони – 27 години.

Подоцна актерката изјави дека Џони Деп ѝ бил првиот дечко.

„Тој ми беше прв за сè – мојот прв вистински бакнеж, мојот прв дечко, мојот прв свршеник, мојот прв секс…

Па, засекогаш ќе биде во моето срце“.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-04.jpg

Своевремено, парот изгледаше навистина вљубено, а Џони дури и си го истетовира името на актерката, а пет месеци откако ја почнаа врската, ја побара за жена.

Тој период нејзината популарност драстично се зголеми и самата има изјавено дека морала да одбива улоги бидејќи не можела да пристигне.

Всушност, актерката била преморена од работа, поради што се разболела, па извесен период живеела кај мајка ѝ.

Натрупаниот распоред секако имал влијание и врз врската со Џони Деп.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-05.jpg

Тешко го преболела раскинувањето на свршувачката

Џони Деп и Винона никогаш не застанаа пред олтар и во 1993 година се разделија.

Нивните портпароли изјавија дека биле млади и се оддалечиле, но Џони Деп го обвини притисокот од јавноста.

„Моја грешка е што бевме отворени за нашата врска. Но, мислев дека ако не ја криеме, ќе ни биде подобро.

Наместо тоа, дополнително ја храневме љубопитноста на луѓето, па тие почнаа да мислат дека се дел од нашата врска“, изјави актерот.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-06.jpg

Винона, пак, кажа дека се чувствувала „изгубено“:

„Првата сериозна врска ми беше со Џони, толку силна љубов… Таква е првата љубов, зарем не? Бев во депресија откако ја раскинавме свршувачката“.

Тие никогаш не ја обновија врската, но јасно е дека се во добар однос, особено откако Винона го поддржа Џони во судењето со Амбер Херд, и тоа во судница.

„Бевме заедно четири години. Очигледно, не бев присутна во неговиот брак со Амбер, но од моето искуство, јас сум шокирана, збунета и разочарана за обвиненијата против него…

Тој никогаш не бил насилен кон мене, ниту кон кој било друг“, изјави актерката во судницата.

po-raskinuvanjeto-so-dzhoni-dep-beshe-vo-depresija-ukrade-dizajnerska-obleka-kako-vinona-rajder-si-ja-vrati-popularnosta-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава