Зошто Хејли Бибер го крие синот од нејзините родители и не им дозволува да го видат?

„Дисфункционални се и не водат сметка за доброто на семејството“ – Светските таблоиди пишуваат зошто Хејли и Џастин Бибер го кријат нивниот син подалеку од нејзините родители и избегнуваат контакт со нив.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-01.jpg

Хејли (27) и Џастин Бибер (30) во август годинава го добија синот Џек, но според пишувањата во странските таблоиди, бебето деновите ги минува со своите родители, но не и со бабата и дедото, откако сопругата на Џастин нагло ги заладила односите со мајка ѝ и татко ѝ.

На денот кога Хејли и Џастин објавија дека станале родители, татко ѝ Стивен Болдвин, го одбележа мигот со објава на Инстаграм, а потоа кога го прашаа да го опише внукот, тој накратко рече:

„Тој е… Не би сакал да откривам премногу… Но тој е неверојатно сладок“.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-05.jpg

Мајка ѝ на Хејли, Кенија, воопшто не го одбележа денот на социјалните мрежи, ниту пак се огласи за внукот, како што би се очекувало.

Тоа во голема мера ги подгреа гласините дека односите на Хејли и Џастин со нејзините родители се заладени и не се како во минатото.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-03.jpg

Daily Mail повикувајќи се на извори блиски до парот пишува дека наводно, односите во семејството значително се влошиле откако Хејли останала бремена со синот.

„Односот на Хејли со нејзиното семејство веќе подолго време е нарушен.

Таа беше поблиска со мајка ѝ, но тие две се оддалечија, откако Хејли остана бремена и со месеци ги криеше убавите вести од нив“ – велат добро упатените извори.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-02.jpg

Наводно, Хејли почнала уште повеќе да ги одбегнува родителите во февруари годинава, кога татко ѝ, Стивен, на Инстаграм објави видео на кое Џастин пее и ги молеше христијаните да се молат за ќерката и зетот.

„Христијани, ве молам, кога ќе помислите на Џастин и Хејли помолете се на миг за да имаат мудрост, заштита и да останат блиску до Бога“ – бараше тогаш Стивен Болдвин.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-06.jpg

Но, оваа негова објава воопшто не ѝ се допаднала на Хејли, која веднаш се скарала со татко ѝ и од него побарала да престане да ѝ се меша во животот.

„Стивен ѝ рекол на Хејли дека таа немало ниту да го познава Џастин ако не бил тој.

Тоа воопшто не ѝ се допадна на Хејли“ – тврдат изворите, притоа потсетувајќи нè дека парот се запознал токму благодарение на актерот, кој во 2009-та година ја зел ќерката со себе за време на снимањето на шоуто Today во 2009-та година.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-08.jpg

Наводно Хејли многу одамна сакала да се оддалечи од презимето Болдвин и од товарот што тоа го носи со себе, а во една пригода и сама призна дека не е толку блиска со нив.

„Не сум многу блиска со моето семејство во моментов. Се чувствувам дека сум мошне независна и дека сум своја личност, но имам многу убави спомени од детството“ – рече таа.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-09.jpg

Хејли уште на 17 години го потпишала првиот договор како манекенка и оттогаш е независна личност која сама заработува.

Но, неофицијално, таа со душа чекала да си замине од дома затоа што се чувствувала како „црна овца“ во семејството, каде што сестра ѝ Алаја била миленичка.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-07.jpg

Односот на Хејли со родителите се одразил и врз Џастин, кој застанал во одбрана на сопругата и почнал да бега од проблемите на Болдвинови.

„Џастин не е во добар однос со нејзиното семејство и сега откако го добија бебето, работите се уште потензични.

Тој смета дека нејзиното семејство е исто како и неговото: дисфункционално и не води сметка за нивните најдобри интереси“ – вели добро упатениот извор.

zoshto-hejli-biber-go-krie-sinot-od-nejzinite-roditeli-i-ne-im-dozvoluva-da-go-vidat-04.jpg

Но, тоа што одбиваат контакт со блиските, истовремено значи дека ја одбиваат и нивната помош.

Наводно, притисокот е уште поголем откако Џастин беше инволвиран во скандалите на Пи Диди и се појавија тврдења дека канадскиот пејач најверојатно бил сексуално злоупотребуван како дете од продуцентот.

Прочитајте и Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава