Хејли и Џастин Бибер ќе станат родители – ги објавија првите труднички фотки

По големиот број здравствени проблеми и стресови, конечно убави вести од Џастин и Хејли Бибер. Сосема ненадејно парот објави фотографии со кои покажа дека наскоро семејството ќе добие уште еден член.

djastin-biber-kje-stane-tatko-hejli-vo-emotivno-video-go-pokazha-trudnichkiot-stomak-01.jpg

Џастин Бибер (30) и неговата сопруга Хејли Бибер (27) го очекуваат првото дете. Парот ги сподели убавите вести на Инстаграм.

hejli-i-djastin-biber-go-ochekuvaat-prvoto-bebe-gi-objavija-prvite-trudnichki-fotki-02.jpg

Хејли објави фотографии од нивното повторување на брачните завети на кои носи долг бел фустан од тантела и во еден миг камерата се спушта и се фокусира на нејзиниот труднички стомак.

Освен тоа таа објави и неколку фотографии на кои гордо позира и го покажува стомакот, а Џастин ја фотографира.

hejli-i-djastin-biber-go-ochekuvaat-prvoto-bebe-gi-objavija-prvite-trudnichki-fotki-05.jpg

Тие заедно позираа на поле, а канадскиот пејач гордо ја држи саканата околу стомакот.

hejli-i-djastin-biber-go-ochekuvaat-prvoto-bebe-gi-objavija-prvite-trudnichki-fotki-04.jpg

За потсетување, Хејли и Џастин стапија во граѓански брак во 2018-та година во Њујорк, само два месеци откако се свршија, а потоа направија голема прослава за семејството и пријателите.

Во претходно интервју Хејли рече дека со нетрпение очекува да стане мајка. Во октомври ја прашаа како ги коментира гласините дека е бремена, кои таа веднаш ги отфрли и рече дека навистина ѝ е непријатно што секојпат кога се бори со подуеност на стомакот веднаш почнуваат гласините за нов член во семејството.

hejli-i-djastin-biber-go-ochekuvaat-prvoto-bebe-gi-objavija-prvite-trudnichki-fotki-06.jpg

Парот имаше мошне тежок период во изминатите години, откако пејачот минатата година имаше парализа на лицето предизвикана од редок синдром, а неговата сопруга имаше мозочен удар.

Прочитајте и Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава