Хејли и Џастин Бибер на семеен одмор во Грција – како секој обичен пар во лежерни аутфити, седат на телефон во таверна (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 27 јули 2026
Наместо популарните острови за забава, Хејли и Џастин за одмор одбраа семејни дестинации на Пелопонез и околните острови – забележани се во обични аутфити на прошетка и на ручек во таверна, а пејачот дури застана да се фотографира со фанови.

Хејли и Џастин Бибер конечно ја надминаа брачната криза и моментално уживаат на одмор во Грција.
За разлика од многу други светски ѕвезди кои често го бираат Миконос, Бибер семејството одбра релаксиран одмор на Пелопонез, но и на околните острови.
Заедно со синчето Џек престојуваат во ексклузивен ресорт, а парот беше забележан и на јахта со која истражуваат други блиски дестинации, но и шетајќи низ улиците, како и додека уживаат во таверна.
Двајцата облечени во лежерни аутфити, без помпа, сепак беа забележани од фановите кои застанаа да се фотографираат со нив.
Тие шетаа прегрнати, а Џастин не го испушта телефонот од рака, ни по пат, ниту во ресторан.

Уште неколку фотки од парот во Грција:




М. М. | Црнобело