Лиам Пејн и уште 5 славни личности опседнати во нумерологија и „ангелски броеви“

Бела Хадид вели дека кога ќе го види „ангелскиот број“ 222, го сфаќа како порака од нејзините ангели дека треба да си посветува повеќе внимание на себе. Кои други славни личности веруваат во наводната мистична моќ на броевите?

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-01.jpg

Нумерологијата претставува верување дека броевите имаат некаква мистична моќ и имаат влијание врз нашата судбина.

Постојат и таканаречени ангелски броеви – како 444 или 11. Ова најчесто се броеви од цифри кои се повторуваат и се верува дека имаат посебна моќ.

Според верувањата, ги гледаме овие броеви кога ни е потребно некакво водство во животот.

На пример, многумина веруваат дека кога ќе видат 11:11 на часовникот, тоа е порака да останат оптимисти.

Како верување, нумерологијата постои уште пред древна Грција и низ годините нејзината популарност кај јавноста се зголемувала и намалувала.

А, знаевте ли дека нумерологијата е популарна и кај славните личности, особено изминативе неколку години?

Неколку славни личности кои веруваат (или верувале) во мистичната моќ на броевите:

Лиам Пејн

По трагичната смрт на пејачот, неговата девојка Кејт Кесиди сподели неколку фотографии на Инстаграм.

На една од фотките, се гледа порака на која се испишани броевите 4:44.

На друга слика од истата објава е напишано значењето на бројот:

„Бројот 444 е омилениот на ангелите. Многу почесто ќе го видите бројот 444 кога се чувствувате осамено.

Во едноставна смисла, бројот 444 ве потсетува дека вашите ангели се секогаш тука да ве поддржат…“

На истата објава има и порака за збогување од Кејти до Лијам, каде повторно е спомнат бројот 444, што значи и за двајцата имал големо значење.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-02.JPG

Џеј Зи

13-тиот албум на Џеј Зи се вика „4:44“.

Раперот има изјавено дека овој број е важен и за него, и за Бијонсе, а тие и се венчаа на 4-ти април (04.04).

За албумот, пак, кажа дека немало посовршено име:

„'4:44' е песна што ја напишав јас и е најважната во албумот.

Се разбудив во 4:44 часот, буквално, за да ја напишам. Па, стана и име на албумот и сè.

Ова е многу можна песна и мислам дека е една од најдобрите што сум ги напишал“.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-3.JPG

Кајли Џенер

Синот на Кајли се роди на 2-ри февруари 2022-та (2/2/22) и младата богаташка смета дека има посебно значење и го споредува со ангелски број.

Таа честопати е забележана и со ланче на кое го има бројот 2222.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-04.JPG

Џенифер Анистон

Џенифер Анистон ги има истетовирано броевите 11:11, а изјави дека тетоважата за неа има духовно значење.

Исто така, бројот 11 бил посебен за неа бидејќи е родена на 11-ти февруари.

Иста тетоважа има и нејзината најдобра пријателка.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-05.JPG

Џим Кери

Опсесијата на Џим Кери со нумерологијата почнала со филмот The Number 23 каде тој ја има главната улога.

Самиот филм се фокусира на нумерологијата и главниот лик (Џим Кери) станува опседнат со бројот.

Актерот има изјавено дека оттогаш, баш овој број има големо значење за него, па дури и го промени името на неговата продукциска куќа во JC 23.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-06.JPG

Бела Хадид

Бела Хадид има своја линија парфеми, а на капачињата на секое шише е изгравиран бројот 222.

Кога парфемите беа пуштени во продажба, Бела изјави:

„Изминативе неколку дена насекаде го гледам бројот 222. Овој број ме потсетува дека моите ангели ме водат, но и ми велат да продолжам на моето патување кон среќата…

Кога ќе го видам бројот 222, се потсетувам дека треба да си посветам повеќе време на себе и да правам работи што ќе ме усреќат“.

slavni-lichnosti-koi-se-opsednati-vo-numerologija-i-angelski-broevi-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Du... Уште пред да го финализира разводот од првата сопруга, Џим Кери потврди дека е в...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Реакцијата на Џим Кери за гласините дека е заменет со клон: „Тажен е што луѓето се глупави“ „Светот верува дека 64-годишен маж е клон. Го претворија во теорија на заговор и...
Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Бела Хадид со загрижувачки фотки: Плаче во болница и прима терапија за лајмска болест Со фотки на кои плаче и прима инфузија, Бела Хадид откри дека повторно е во болн...
Бизарна теорија на заговор за чудниот изглед на Џим Кери во Париз: „Го замениле со клон, знаеше прем... „Изморен сум од тајните и лагите. Ова е тајниот симбол на Илуминатите, а ти си д...

Најчитани неделава