Анорексија, бурен развод – Како славата им го уништи животот на Мери Кејт и Ешли Олсен?

Мери Кејт имаше анорексија, а среде пандемијата, поранешниот сопруг ја избрка од дома. Ешли можеби има среќа во љубовниот живот, но како сестра ѝ, родителите ја терале да глуми уште пред да наполни една година.

anoreksija-buren-razvod-kako-slavata-im-go-unishti-zhivotot-na-meri-kejt-i-eshli-olsen-01.jpg

Близначките Мери Кејт и Ешли Олсен се прославија уште во детството, но сега, на 38-годишна возраст, главно се држат настрана од јавноста.

Иако денес имаат успешни бизниси и важат за реномирани модни дизајнерки, близначките речиси и да не се појавуваат во јавност, а интервјуата со нив се вистинска реткост.

Па, што е она што ги натерало да избегаат од вниманието на фановите и медиумите?

Почнале да работат уште пред да научат да зборуваат

Мери Кејт и Ешли ја почнаа кариерата со сит-ком серијата Full House, а имале само шест месеци кога биле најмени.

Нивните родителите ги однеле на аудиција, а бидејќи продуцентот на серијата забележал дека се опуштени кога се со луѓе што не ги познаваат, веднаш ги најмил за серијата.

Па, девојчињата имале работен ангажман уште пред да научат да зборуваат и одат.

Многу години подоцна, Мери Кејт изјави дека со сестра ѝ се чувствувале како „мајмуни во циркус“ и на никој не би му посакале да има детство како нивното.

Тие биле експлоатирани од нивните родители за пари.

anoreksija-buren-razvod-kako-slavata-im-go-unishti-zhivotot-na-meri-kejt-i-eshli-olsen-02.jpg

Нивните родители се разведени

До 9-годишна возраст, Мери Кејт и Ешли заработуваа милиони и беа особено популарни во САД.

Но, додека мораа да се справуваат со напорните снимања, бројните интервјуа и јавните настани, нивните родители се разделија.

Имено, татко им имал афера која била причина за разводот, а девојчињата често се соочува со прашања за ова, без разлика што беа само деца.

anoreksija-buren-razvod-kako-slavata-im-go-unishti-zhivotot-na-meri-kejt-i-eshli-olsen-03.jpg

Морале да се откажат од факултет

Поради бројните обврски, сестрите Олсен оделе на училиште само кога имале време. Ако имале снимање, нивните родители ја преземале улогата на тутори, и тоа на сетовите на коишто снимале.

По завршувањето на средно, и двете сакале да завршат факултет.

Се запишаа на Универзитетот во Њујорк, но се откажаа уште во прва година.

Покрај обврските кои не им дозволувале да се посветат на студиите, и двете имаат изјавено дека не се чувствувале безбедно на факултетот.

Односно, постојано биле на мета на другите студенти кои пробувале да ги фотографираат и да ги продаваат фотките на американските медиуми.

anoreksija-buren-razvod-kako-slavata-im-go-unishti-zhivotot-na-meri-kejt-i-eshli-olsen-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава