Таа го изневери со Џеф Безос, тој ја замени со помлада манекенка: Бившиот на Лорен Санчез ужива со саканата (фото)

Бившиот сопруг на Лорен Санчез си најде нова девојка речиси веднаш по разводот и веќе три години е во брак со неа. Во меѓувреме, Лорен и Џеф Безос иако се свршени, веројатно не планираат наскоро да прават свадба.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-01.jpg

Лорен Санчез (55) е во среќна врска со Џеф Безос. Но, и нејзиниот поранешен сопруг веројатно не може да се пожали од бракот со згодната сопруга – моделот Пиа Вајтсел.

Лорен уште беше во брак со милионерот Патрик Вајтсел (59) кога ја почна аферата со Безос.

А, тој период и Безос беше во брак со Мекензи, па аферата со Санчез беше причина за еден од најскапите разводи во историјата.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-03_copy.JPG

Целата драма се случи во 2019 година, и иако извори блиски до Патрик велеа дека бил повреден од неверството на Санчез, сепак не чекал многу за повторно да најде љубов.

Тој период ја запознал сегашната сопруга Пиа (41) и уште пред да заврши годината, почнаа врска.

А, веќе кон крајот на 2020-та, Патрик ја побара за жена со огромен дијамантски прстен.

Се венчаа кон средината на 2021-ва и три години подоцна, изгледаат посреќни од кога било.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-04.JPG

Во меѓувреме, Лорен и Џеф Безос иако се свршени, веројатно не планираат да прават свадба.

Неодамна имаше шпекулации дека милијардерот планирал да потроши 500 милиони долари за свадба, но на крај самиот ги демантираше гласините.

„Патрик гo живее сонот со Пиа.

И, се сомневам дека воопшто помислува на Лорен и драмата со Безос“, вели извор близок до милионерот.

Последно, Патрик и Пиа беа забележани на луксузна јахта во Сиднеј во друштво на неколку пријатели.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-8.JPG

41-годишната Пиа изгледаше одлично во кафени бикини, а на сите фотки со сопругот се во добро расположение.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-6.JPG

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-05.JPG

Инаку, Лорен и Патрик се венчаа во 2005 година и заедно имаат две деца.

Патрик е тој што ја запознал со Безос во 2016 година.

Аферата на Лорен и Безос веројатно почнала откако милијардерот ја најмил да работи за него.

Тие се свршија во 2023 година.

taa-go-izneveri-so-dzhef-bezos-toj-ja-zameni-so-pomlada-manekenka-bivshiot-na-loren-sanchez-uzhiva-so-sakanata-foto-02.JPG

Повеќе фотки од Патрик и сопругата на јахта:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Лорен Санчез едвај оди со штикли по плажа на Ибица - Џеф Безос ја држи да не скрши глужд, Ди Каприо ... На Ибица и покрај нерамниот терен, Лорен не се откажа од нејзините високи потпет...
Бившиот на Џеј Ло, Марк Ентони (57) доби 8-мо дете со четврта жена – се породи убавата Надиа (27), о... 27-годишната сопруга убавица на Марк Ентони се породи – објавија први фотки во д...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава