Ја изневери додека беше бремена, се шпекулира дека е виновен за нејзината смрт: Детали за врската на Пи Диди и Ким Портер
- Детали
- недела, 25 мај 2025
Пред Кеси Вентура, Пи Диди беше во врска со Ким Портер со која доби четири деца. Ја изневери додека беше бремена, поради што раскинаа, но сепак останаа блиски. По нејзината ненадејна смрт и апсењето на Диди, почна да се шпекулира дека тој ја убил за да ја замолчи.
Моментално, во фокус е врската на Пи Диди со Кеси Вентура.
Но, претходно тој имаше долга врска со Ким Портер со која доби четири деца и која ја нарекуваше негова сродна душа. Тие ја почнаа врската кон средината на 1990-тите и беа заедно повеќе од една деценија.
Но, во 2018-та, Ким ненадејно почина, па откако Диди беше уапсен, почна да се шпекулира дека можеби бил замешан во нејзината смрт.
Што знаеме за нивната врска и прераната смрт на Ким Портер?
Се запознале кога Ким имала друг дечко
Ким и Диди ја почнаа врската околу 1994 година, а се запознале кога Ким имала друг партнер.
„Првпат ја видов во музичко студио и беше со нејзиниот тогашен дечко. Не пробував да ѝ се додворувам, но бев восхитен од неа – нејзините усни, нејзините очи, нејзината енергија.
Си помислив дека би сакал да имам таква девојка“, изјави музичарот во 2006 година.
Тој период, Диди работел за продукциска куќа во која Ким била најмена како рецепционерка, па одовде почнала нивната романса.
Раскинуваа и се смируваа
Во 1998-та, околу четири години откако ја почнаа врската, Ким и Диди добија дете – синот Кристијан Кејси. Но, веќе следната година се разделија и водеа судска битка за старателството.
Во меѓувреме, Диди почна да се гледа со Џеј Ло, но откако раскина со неа, повторно ѝ се врати на Ким.
Во 2006-та, тие добија уште две деца, близначките Д’Лила и Џеси.
Додека беа разделени, Ким доби дете со друг партнер, но откако му даде втора шанса на Диди, тој се грижеше за детето како да е негово.
Не сакаа да се венчаат
Иако беа заедно повеќе од една деценија, а добија и четири деца, Диди и Ким одбиваа да се венчаат. Музичарот зборуваше за ова во интервју од 2006-та и истакна дека не планирал да ја запроси.
„Знам дека заслужува да биде во брак, но јас, едноставно, не сум подготвен. Но, ова не покажува дека не ја сакам.
Само сакам да научам да бидам добар дечко. Кога ќе го научам тоа, ќе продолжам кон следниот чекор“.
Последен пат раскинаа во 2007 година
Неполна година по изјавите на Диди дека не сака да се венча, тој и Ким ставија крај на врската.
Ким откри дека таа му раскинала на музичарот.
„Ставив крај на врската, одлучив дека тоа е најдобро за мене, за Шон и нашето семејство. Сакам да продолжам со мојот живот и кариерата, а нему му посакувам успех, здравје и среќа во животот и љубовта.
Ќе останеме пријатели и посветени родители на нашите деца“.
Истата година, Ким откри дека си заминала од нивниот заеднички дом додека Диди бил на патување.
„Сакав да бидам драматична. Сакав да знае дека не му раскинувам на две недели или дека ќе ме нема два дена, па ќе се вратам.
Штом сум спакувала сè, заедно со нашите близнаци, тоа значи дека дефинитивно е крај. Диди не разбира зборови, туку дела, па морав да делувам“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





