Загриженост за Анџелина Џоли по чудното однесување на нејзиниот телохранител и непријатните мигови на Кански 2025 (видео)
- Детали
- понеделник, 26 мај 2025
„Дали Анџелина Џоли е добро?“, се прашуваат фановите по непријатниот момент. „Ѝ треба обезбедување од обезбедувањето“, коментираат тие.

Анџелина Џоли, по 14 години, за првпат се појави на Канскиот фестивал во Франција.

Но, фановите ги загрижи однесувањето на еден нејзин телохранител.

Видеата од него и Џоли се споделуваат вирално, а на нив се чини дека Џоли се труди да го игнорира овој член на нејзиното обезбедување.

Инаку, додека Џоли присуствуваше на премиерата на филмот „Eddington“, во еден миг телохранителот ѝ пријде одзади.
Со десната рака ја допре задната страна на нејзиниот стол и ѝ шепна нешто во левото уво, додека со левиот прст покажуваше како да посочува на нешто.

Џоли изгледа длабоко воздивна, па веднаш ја сврте главата на десно, како повеќе да ја интересираше што има да ѝ каже телохранителoт.

Погледнете ја оваа ситуација:
https://www.tiktok.com/@vanessatresjolie/video/7505704662490762518
„Дали Анџелина Џоли е добро?“, се прашуваат фановите по непријатниот момент.
„Ѝ треба обезбедување од обезбедувањето“, коментираат тие.
„Само што го гледам ова, веќе се чувствувам под стрес. Знам дека тоа им е работа, ама оставете ја да дише!“
„Овој човек работи со неа со години. Тешко е да се најде толку лојален човек, дури и кога е напорен“.

Во друг момент, за време на средба со фанови на црвениот килим, додека Џоли потпишуваше автограми, фан ѝ подаде цвеќе и подарок.

Истиот телохранител се обиде да ги земе предметите од неа, но таа му фрли поглед што изгледаше како: „Остани назад“.

Потоа таа брзо се оддалечи од своето обезбедување и отиде кон друг фан. Телохранителот што претходно ја вознемируваше беше турнат на страна, додека друг телохранител се обиде да ја следи.
Погледнете ја оваа ситуација:
https://www.tiktok.com/@vanessatresjolie/video/7505364102852742422
С. С. | Црнобело