Бритни Спирс, Барак Обама: Кои славни личности беа спомнати во судењето на Диди (досега)?
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
Бритни Спирс отишла на забава со Диди која траела до утринските часови, додека Барак Обама беше спомнат во друг контекст – имено, музичарот користел екстази на кои го имало ликот на поранешниот претседател.
Во судењето на Пи Диди се очекува да бидат спомнати повеќе славни личности, а некои од нив и се соочија со него во судница.
Покрај неговата поранешна девојка (и пејачка) Кеси Вентура, меѓу сведоците беше раперот Скот Мескуди, попознат како Kid Cudi и пејачката Дон Ричард која беше дел од групата Danity Kane.
Важно е да се напомни дека славните личности кои се спомнати во судењето не значи дека имале удел во криминални дела на Диди или дека се виновни за нешто. Повеќето се спомнати во друг контекст, неповрзан со развратните забави и обвиненијата за трговија со луѓе.
Дел од попознатите личности кои беа спомнати на судењето:
Мајкл Б Џордан
Актерот Мајкл Б. Џордан беше спомнат бидејќи наводно имал врска со Кеси Вентура, поради што Диди му љубоморел. Според изворите на Rolling Stone, Диди дури и му се заканувал на актерот поради врската со Кеси.
Барак Обама
Името на поранешниот претседател беше спомнато од поранешен асистент на Диди кој изјави дека музичарот користел екстази на кои го имало ликот на Обама.
Сепак, сведокот не кажа дека претседателот имал каква било врска со забавите и дрогата што се консумирала таму.
Бритни Спирс
Кеси Вентура ја спомна Бритни Спирс, откривајќи дека таа присуствувал на нејзината забава за 21-иот роденден.
„Шон (Диди) дојде на забавата и ги донесе Далас Остин и Бритни Спирс. Мислам дека тие двајца најмногу се истакнуваа меѓу гостите“, изјави Кеси.
Бритни исто така била на друга забава со Диди, организирана од раперот 50 Cent каде наводно се забавувале до раните утрински часови.
50 Cent
Ривалството меѓу Диди и 50 Cent не е ништо ново, а поранешен асистент на Диди кажа дека тој често зборувал за ова, а некогаш спомнувал и оружје.
Принц
Кеси Вентура откри дека Диди ја нападнал на забава во куќата на покојниот музичар. Подоцна и поранешна асистентка на Диди ја кажа истата приказна.
Тие двете заедно отишле на забавата, без да му кажат на Диди, и додека Принц пеел за своите гости, пристигнал и Диди.
„Го видов на влезот. Се погледнавме со Кеси и почнавме да трчаме кон друг излез, па преку дворот, пробувавме да избегаме и да се скриеме. Диди ја фати Кеси, ја бутна на земјата и почна да ја удира“, изјави асистентката.
Наводно, тогаш интервенирал маж од обезбедувањето на Принц, а следниот ден асистентката добила отказ.
Ашер и Ne-Yo
Кеси и Диди биле на вечера со двајцата пејачи во ресторан во Холивуд во 2010 година. Тогаш, Диди ја удрил Кеси во стомак, и тоа пред нив.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





