Бритни Спирс, Барак Обама: Кои славни личности беа спомнати во судењето на Диди (досега)?
Крис Браун
Диди се сомневал дека Кеси имала афера со Крис Браун, и тоа само затоа што еднаш танцувала со него додека биле излезени.
Пејачката откри дека Диди постојано се однесувал љубоморно, дури и во периодите кога правеле пауза од врската.
„Ми ги земаше телефонот, автомобилот, па и часовникот кога беше гневен“.
Мајк Мајерс
Актерот Мајк Мајерс беше спомнат бидејќи еден од сведоците е поранешна асистентка на Диди, која исто така работела и за актерот.
За време на сведочењето таа рече дека се случувало Диди да ѝ забранува да спие и по неколку денови.
Биги Смолс
Боги Смолс и Диди беа многу блиски пред убиството на раперот во 1997-ма, а се шпекулира дека заедно биле вклучени во криминал.
Поранешен асистент на Диди откри 21-ви мај, роденденот на Биги, се славел како празник во компанијата на музичарот.
Џеј Зи
Џеј Зи е обвинет од друга жена за силување кое наводно се случило на забавите на Диди.
Но, на судењето беше спомнат во друг контекст. Имено, поранешна асистентка на Диди јас советувала Кеси да си најде друг дечко и ѝ го предложила Џеј Зи.
Ријана
Поранешна асистентка на Диди откри дека била на одмор со Ријана, а од тој период беа покажани и фотографии на кои се гледа пејачката легната во кревет со Серена Вилијамс.
Џенифер Лопез
Џеј Ло и Диди беа во врска пред повеќе од 20 години, но пејачката беше спомната само како еден од клиентите на мејкап артистката на Кеси.
Вил Смит и Фарел Вилијамс
Актерот и пејачот беа спомнати за време на сведочењето на поранешен асистент на Диди. Тој кажа дека Диди честопати одел во музичкото студио на Вил Смит, некогаш и заедно со Фарел.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





