Славни личности кои (првпат) стапиле во брак во тинејџерските години
- Детали
- недела, 08 јуни 2025
Мерилин Монро првпат се венчала на само 16 години, во период кога малолетничките бракови, за жал, уште биле норма. Имено, таа стапила во брак само за да не ја испратат во сиропиталиште.

Во повеќето модерни земји, една личност може да стапи во брак штом ќе стане полнолетна.
Иако и денес постојат малолетнички бракови, стануваат поретки и надежно е дека ќе има ден кога ќе бидат искоренети.
Постојат и ситуации кога и 18-годишни лица стапуваат во брак кои иако се полнолетни, многумина би се согласиле дека сепак се премлади за ваков голем чекор.
Кои славни личности стапиле во брак во тинејџерските години?
Дру Баримор
Во 1994-та, по само шест недели заедно, 19-годишната Дру Баримор се венчала со Џереми Томас кој бил сопственик на бар. Бракот траел два месеца.
Потоа актерката стапи во брак уште двапати – една година беше со Том Грин, а околу четири години со Вил Копелман со кого доби две деца.
Деми Мур
Првиот сопруг на Деми Мур е музичарот Фреди Мур, чие презиме го носи и денес. На денот на свадбата актерката имала 18 години, а бракот траеше пет години.
Потоа Деми беше во брак со Брус Вилис и со Ештон Кучер.
Мерилин Монро
Мерилин Монро имала само 16 години кога се венчала со Џејмс Доерти, а стапила во брак само за да не биде испратена во сиропиталиште.
Тој период, во 1940-тите, малолетничките бракови уште биле норма во САД.
Оливија Вајлд
Оливија Вајлд првпат стапила во брак во 2003-та, на само 19-годишна возраст. Нејзиниот прв сопруг Тао Русполи е италијански режисер, музичар, но и принц од покраина во Италија.
Се разведоа во 2011 година.
Меколи Калкин
Меколи Калкин и актерката Рејчел Мајнер се венчаа во 1998-ма, кога и двајцата имаа само 18 години. Бракот им потраја дури четири години.
