Парис Хилтон емотивна за протечената порно снимка: „Имав само 19 години, не дадов дозвола, а бев оцрнета“
- Детали
- вторник, 17 јуни 2025
Во ново интервју, Парис Хилтон вели дека најболниот период од нејзиниот живот бил кога бившиот дечко Рик Саломон ја сподели нивната секс снимка на интернет. Таа додава дека иако била жртва, сепак била осудувана од сите, но се радува што сега конечно е нелегално некој да сподели нечија секс снимка без дозвола.

Поминаа повеќе од 20 години откако протече секс снимката на Парис Хилтон и нејзиниот поранешен дечко Рик Саломон.
Снимката ја објави самиот Рик, а во ново интервју Парис вели дека никогаш не го преболела тоа предавство.
Парис, која имала само 19 години кога била направена снимката, отворено прозборе за болката што ја почувствувала кога мажот на кому му верувала, со целиот свет споделил нивен интимен момент.
Снимката се појави во јавност година-две откако ја снимиле.
„Тоа е најболното искуство во мојот живот. Да му верувате на некој, а тој да објави нешто што никој не треба да го види…
А, потоа и луѓето ме осудуваа поради една ноќ со личност на којашто ѝ верував. Тоа е нешто што ќе ме прогонува целиот живот“.
Парис вели дека целата ситуација била уште постресна бидејќи бившиот ја објавил снимката во период кога таа се подготвуваше да го лансира нејзиното ријалити шоу The Simple Life.
Притоа, Парис истакнува дека таа била осудувана, додека Рик го гледале како херој.
„Тогаш медиумите, јавноста, сите беа премногу сурови кон мене. Беше ужасно. Работев толку напорно и сакав да бидам почитувана.
Се подготвував за премиерата на моето реално шоу и одеднаш се случи сето тоа“.
Парис додава и дека тогаш законот не бил на нејзина страна – денес е нелегално некој да сподели секс снимка без дозвола, но тогаш важеле други правила.
„Денес ова е нелегално. Но, тогаш не беше, а јас бев оцрнета. Бев само тинејџерка… Кога ќе помислам на тој период, беше еден од најболните“.
Богатата наследничка вели и дека ако ништо друго, денес ѝ дава мир што ако некој се обиде да ѝ го направи истото на некоја друга девојка, најверојатно ќе се соочи со казна.
„Можеби некои работи треба да им се случат на некои луѓе за да им се смени перспективата на другите. Пробувам да ја гледам целата ситуација на тој начин“.
Претходно, во мемоарите што ги издаде во 2023-та, Парис откри дека бившиот ја натерал да го снимат видеото. Таа му рекла дека ѝ е непријатно, но тој обил упорен.
„Честопати ми велеше дека се снимал со други девојки, но мене ми беше чудно и непријатно. Му велев дека не можам…
Ми рече дека ако не сакам, лесно ќе најде друга девојка која ќе сака и тогаш тоа беше нешто најлошо за мене – да ме остави бидејќи бев глупаво дете кое не се однесува како возрасна личност…
Ми се заколна дека никој нема да ја види снимката“.
Парис Хилтон и Рик Саломон имаа кратка врска од крајот на 2000 до почетокот на 2001 година. Ја направиле снимката во 2001-ва, кога Парис имаше 19, а Рик околу 32 години.
Снимката се појави на интернет во 2003 година, а на почетокот Рик негираше дека тој ја објавил.
Парис го тужеше за нарушување на приватноста, а Рик ѝ вати со контратужба, тврдејќи дека таа сакала да му ја наруши репутацијата.
Тој бараше 10 милиони долари од богатата наследничка бидејќи во јавност го претставила како „предатор и лажго“.
И покрај негирањето, следната година, во 2004-та, Рик сепак самиот почна да ја дистрибуира снимката преку порнографска продукциска куќа.
Парис и Рик направија спогодба надвор од судница, а изминативе неколку години богатата наследничка се охрабри да зборува за овој период од животот и многупати истакнуваше дека никогаш не дала дозвола снимката да биде објавена.
Спирова С. | Црнобело
