Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи Граф и Андре Агаси
За жал, бракот не траел долго, а Брук и Андре се развеле во 1999 година.
„Се оженив и поминав неколку кратки години во брак, и кога излегував од него, сфатив толку многу за себе, за тешката врска во којашто бев и размислував за тоа што сакам за твојот живот.
И тоа беше пред Штефи да дознае дека се разведувам. Така што, почнав да се трудам пред таа да знае дека нешто пробувам“ - изјави поранешниот тенисер.
Многу години подоцна, Штефи раскажала за ситуација кога Андре ѝ испратил букет рози и писмо, но таа била збунета зошто го направил тоа, бидејќи бил оженет.
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999 година и јас се запрашав: Зошто сака да тренира со мене? Тој е оженет, јас имам дечко. Сето тоа ми беше малку збунувачко.
Но, по тренинг сесијата најдов прекрасен букет рози во мојата хотелска соба со прекрасно писмо.
Потоа имавме краток разговор каде што му кажав дека имам дечко и дека знам дека е оженет. Немав поим дека поминува низ фаза на развод.
Неколку недели подоцна слушнав за тоа и почнав малку појасно да ги разбирам работите. Ни требаа неколку месеци, но потоа сè се случуваше навистина брзо“, рекла таа.
Брзо потоа патиштата на двете тениски легенди повторно се вкрстиле.
Додека летал кон Лондон помеѓу два турнира, Андре направил роденденска честитка за Штефи од менијата на авиокомпаниите. Па, кога ѝ ја покажал, таа конечно му се јавила.
„Морам да ти кажам, само морам да ти кажам пред да продолжиме понатаму, мислам дека си убава.
Те почитувам, ти се восхитувам и апсолутно би сакал да те запознаам подобро. Тоа е мојата цел, тоа е мојот единствен план“ ѝ рекол Андре.
Тоа бил почеток на нивната врска. Се венчаа во 2001 година, во дворот на нивниот имот.
Нивните мајки им беа нивни единствени сведоци на свадбата, а тие биле боси и во фармерки.
„Неа ми беше тешко да ја победам. Таа е мојата најтешка победа“, рекол Агаси многу години подоцна.
Истата година кога се венчаа, го добија синот Џејден, а две години подоцна и ќерката Џез.
Денес, по 24 години брак, тие се сметаат за еден од најхармоничните спортски парови, а нагласуваат дека опстојуваат благодарение на почитта и хуморот.
„Тенисот беше патување, а најдобриот дел од тоа патување е што ме доведе до Андре. Ќе бидам вечно благодарна за тоа“ - вели Граф.
А. Ј. | Црнобело
