Оригиналната Birkin чанта е продадена за 8 милиони евра – Која е актерката Џејн Биркин за којашто била направена?

Оригиналната Birkin чанта, која била направена специјално за актерката Џејн Биркин, неодамна беше продадена по цена од 8 милиони евра. Со ова, стана најскапата чанта во историјата. Како настанал легендарниот модел на Hermès?

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena01.jpg

Birkin чантите на брендот Hermès се едни од најпопуларните во светот и за богатите, веќе претставуваат статусен симбол.

Цената на една ваква чанта изнесува 10.000 евра, па и повеќе во зависност од материјалите што се користеле за изработката. Некои модели чинат и повеќе од еден милион евра.

Првата, односно оригиналната Birkin чанта ѝ припаѓаше на актерката Џејн Биркин – оттаму и името на луксузниот модел.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-02.JPG

На 10-ти јули годинава, пак, оваа оригинална чанта беше продадена за дури 8,6 милиони евра.

Чантата беше продадена на аукција во Париз и поради цената, стана второто најскапо модно парче во историјата, како и најскапата чанта која некогаш била продадена.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-03.JPG

Џејн Биркин ја носела чантата скоро секој ден во период од десетина години и веќе е видно оштетена – има гребаници и формата ѝ е малку изгубена – но, поради симболот што го претставува, наддавањето за неа траело дури десет минути.

За неа се наддавале девет купувачи и на крај ја купил приватен колекционер од Јапонија.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-05.JPG

Која била Џејн Биркин и зошто нејзината чанта е толку посебна?

Џејн Биркин важи за „олицетворение на францускиот моден стил и француската убавина“, но интересно е што воопшто не потекнува од Франција.

Родена во 1946 година во Лондон, Џејн е всушност Британка, а кариерата ја почнала на британската сцена.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-10.JPG

Во 1965 година се венчала со композиторот Џон Бери, со кого доби ќерка, а по разводот две години подоцна, решила да почне да гради актерска кариера.

Иако подоцна Џејн ќе се претвори во модна икона и ќе важи за една од најубавите актерки, има изјавено дека во детството и тинејџерските години била исмејувана за изгледот.

„Многу страдав поради мојот изглед. Ми велеа дека сум машко. Немав гради. Беше ужасно“.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-06.JPG

Кон крајот на 1960-тите, Џејн се пријавила на аудиција за францускиот филм Slogan. Ја добила улогата и овде го запознала Серж Генсбур – еден од највлијателните француски пејачи и текстописци.

Џејн самата има изјавено дека овој филм ѝ помогнал да остане во Франција и со него ја започна филмската кариера.

Таа почна и врска со Серж Генсбур која траеше повеќе од една деценија.

originalnata-birkin-chanta-e-prodadena-za-10-milioni-evra-koja-e-akterkata-za-kojashto-bila-napravena-12.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Две забремениле на само 16 години, сите ги изневерувал: Четирите сопруги на Чарли Чаплин Неговата прва сопруга имала само 16 години кога се венчале, а на иста возраст би...

Најчитани неделава