Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн?
Ејми Озборн
Откако се разведе од Телма Рајли, во 1982 година Ози се венча со Шерон. Следната година, тие ја добија ќерката Ејми Озборн.
До 16-годишна возраст, Ејми живеела со родителите, но се одлучила да се исели од семејниот дом поради реалното шоу The Osbournes.
„Тогаш мислам дека уште пробував да откријам која сум во хаосот со моето семејство. Па, зошто би сакала сите да ме гледаат на телевизија? Сакав да се заштитам себеси, моите родители, моите брат и сестра. Тогаш беа многу млади“.
Фановите на реалното шоу ај критикуваа Ејми за одлуката да не се појави, на што таа изјави:
„Јас не сум некоја чудна девојка која се плаши од светот и сака цел ден да биде заклучена во својата соба. Одлучив дека не сакам да ме има во шоуто.
Сакам да бидам пејачка и мислам дека ако бев дел од шоуто, тоа ќе ми влијаеше на репутацијата. Шерон беше повредена и имавме многу несогласувања. Јас сум позатворена и мојата приватност ми е многу важна“.
Кели Озборн
Кели е родена во 1984 година и е дефинитивно најпознатото дете на Ози Озборн. Таа беше дел од реалното шоу и токму тоа ја направи светски позната.
Иако е во добар однос со брат ѝ и мајка ѝ, Кели речиси и да нема контакт со постарата сестра Ејми.
„Не зборуваме. Многу сме различни. Таа не ме разбира мене и јас не ја разбирам неа“, изјави Кели во интервју од пред некоја година.
Ејми, пак, има изјавено дека иако се прифаќаат, сепак избегнуваат да се дружат бидејќи немаат ништо заедничко.
Џек Озборн
Најмалото дете на Ози е синот Џек Озборн кој исто како Кели беше дел од популарното ријалити шоу.
Тој е роден во 1985 година и целиот живот бил близок со родителите и сестрите.
Џек и самиот има деца – три од првата сопруга, и едно од сегашната сопруга.
Прочитајте и: Проба да ја убие, ја изневеруваше, со месеци се криеше од неа: Како Шерон Озборн го „смири“ Ози (и зошто остана со него)?
Спирова С. | Црнобело
