Синот на Џон Бон Џови (23) и Мили Боби Браун (21) во тајност посвоија дете: „Отсекогаш сакав да сум млада мајка, со многу деца“
Уште откако се свршија, некои ги критикуваа дека се премногу млади, за што Мили изјави:
„Знам дека сум многу млада. Но, мајка ми го роди првото дете на 21 година, а татко ми имал 19 години.
Многу сакам семејство. Сакам многу големо семејство. Јас сум едно од четири деца и Џејк исто така“.
Пред неколку месеци, Мили зборуваше за тоа дека би сакала да посвои дете.
„Не гледам некоја разлика помеѓу биолошко и посвоено дете. Во мојот дом има љубов за сите и тоа е нашиот став со Џејк – нашата врата е секогаш отворена“.
Таа честопати ја спомнуваше и мајка си која ѝ била инспирација за самата да стане мајка.
„Уште откако бев мала, и кажував на мајка ми дека сакам да бидам мајка како неа. И баба ми – таа беше важен дел од мојот живот“.
Младата актерка откри дека разговарале со Џејк за проширување на семејството уште пред да се венчаат. Но, тој сакал да почекаат по свадбата.
Иако со улогата во Stranger Things Мили Боби Браун стана една од најпознатите млади актерки во светот, со Џејк живеат на фарма, понастрана од раскошот на Холивуд.
И, Мили со задоволство зборува за тивкиот живот што го избрале со саканиот.
„Јасно ми е зошто на луѓето им е чудно бидејќи чуваме кокошки, јас собирам јајца… Но, јас го сакам ова.
Сакам да живеам на фарма и Џејк го сака истото. Сакам и да готвам – така се справувам со анксиозноста. И, навистина сум добра“.
Дека уживаат во животот на фарма покажува и фактот дека Мили и Џејк чуваат 25 домашни животи, 10 кучиња, четири мачки, а згрижуваат и улични кучиња.
За потсетување, Мили Боби Браун стана ѕвезда на само 12-годишна возраст, a покрај хит-серијата, се појави и во неколку популарни филмови.
Иако останува активна во филмската индустрија, смета дека мирниот живот ѝ годи многу повеќе од гламурот во Холивуд.
Џејк, од друга страна, е поактивен како модел, но изминативе година-две, се појави и во неколку филмови. Без разлика што татко му е еден од најпознатите музичари во светот, младиот модел нема намера да ги следи неговите стапки.
Спирова С. | Црнобело