Донатела Версаче (70) изненади со младешкиот изглед: „Трансформација на векот“, велат фановите

„Летен самрак“ - напиша славната дизајнерка на последната фотка, на која има мазна кожа, потенки усни и делува многу помладо од нејзините 70 години, откако со децении си го уништуваше лицето со естетски корекции.

donatela-versache-70-iznenadi-so-mladeshkiot-izgled-transformacija-na-vekot-velat-fanovite-01.jpg

Познатата италијанска дизајнерка Донатела Версаче (70) повторно го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Таа изгледа непрепознатливо, но овој пат, коментарите се позитивни, бидејќи Донатела делува многу помладо од својата возраст и вистински блеска на последната фотографија што ја објави на Инстаграм.

Низ годините, славната дизајнерка „пропаѓаше“, а многумина го припишуваа тоа на огромниот број естетски корекции и козметички процедури.

Но, таа јавно призна само дека користи ботокс.

donatela-versache-70-iznenadi-so-mladeshkiot-izgled-transformacija-na-vekot-velat-fanovite-02.jpg

На најновата фотка, нејзините усни се многу потенки, образите не ѝ се отечени, а и линијата на вилицата под ушите е поостра и во форма на коцка.

Донатела носи елегантен фустан со светки и има минимална шминка.

donatela-versache-70-iznenadi-so-mladeshkiot-izgled-transformacija-na-vekot-velat-fanovite-06.jpg

Во минатото, таа најчесто имаше изразена црна сенка која ги криеше нејзините очи и сјај или впечатлив кармин на усните.

Својот нов изглед Донатела почна да го најавува уште во првата половина на годината, кога на забавата на Vanity Fair по доделувањето на Оскарите се појави во златен фустан и дискретна шминка.

Обожавателите на дизајнерката не кријат дека се воодушевени од промената и нејзиниот изглед го коментираат како „трансформација на векот“.

Според некои, нејзината трансформација е можеби и подобра од онаа што неодамна ја направи актерката Линдзи Лохан.

Прочитајте и Убиството на брат ѝ, борба со зависности - тажни детали од животот на Донатела Версаче

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава