Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било
Мајли Сајрус
Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт ја почнаа врската во 2010-та, но се разделија три години подоцна.
Сепак, во 2016-та не само што си дадоа уште една шанса, туку и се свршија.
Иако изгледа како среќен пар, откако се разделија, Мајли откри дека вистината била многу поразлична.
Пејачката сподели дека морала да глуми друга личност за да го направи Лиам среќен.
На актерот му пречеле провокативните изданија на пејачката, па Мајли пробувала целосно да се промени само заради него.
Сепак, и покрај сите напори, во 2019-та тие се разделија.
Мајли, пак, си ја вратила слободата да биде своја и почна да нижи уште повеќе успеси на музички план.
Од 2021 година, таа е во врска со музичарот Макс Морандо.
Ким Кардашијан
Веќе е добро познат факт дека бракот на Ким и Канје беше далеку од среќен.
Канје имаше престроги правила за тоа што треба да прави и да носи Ким, па дури не ѝ дозволувал и да изгледа „премногу секси“.
Откако се разделија во 2021-ва, Ким како да се прероди.
Дополнително го разви својот бизнис, стана милијардерка и иако нема најдено љубов, вели дека е задоволна од својот живот таков каков што е.
Никол Кидман
Иако разводот на Никол Кидман и Кит Урбан е уште многу „свеж“, се ини дека ѝ годи на актерката.
По речиси 20 години брак, беше вистинско изненадување кога Никол и сопругот споделија дека ќе се разведуваат.
Не се познати детали за нивната разделба, но некои извори тврдат дека Никол била „повредена и предадена“ од Кит.
Наводно, пробувал да го спаси бракот, но на крај кренала раце.
Периодов таа не престанува со јавни појавувања и навистина изглед како да блеска.
Спирова С. | Црнобело
