Ким Кардашијан (повторно) критикувана за празничните декорации: „Домот ѝ е како продавница за елки“
- Детали
- среда, 03 декември 2025
Ким Кардашијан покажа дека во домот наредила многу, многу елки со бели сијалички и вештачки снег. Но, се соочи со критики за празничните декорации, а некои се шегуваат и дека ова е причината зошто ќерка ѝ Норт сака да живее со Канје.

Традиционално, Ким Кардашијан и годинава е критикувана за новогодишните декорации во нејзиниот дом.
Со неколку објави на Инстаграм Стори, Ким покажа дел од декорациите.
На видеата се гледа голем ходник во кој се наредени многу елки со бели сијалички и вештачки снег.
„Само што завршивме со украсувањето за празниците. Не можам да ви објаснам како мириса и какво е чувството.
Навистина е лудо. Погледнете го ходникот“, вели Ким во едно од видеата.

Но, на социјалните мрежи веќе почнаа да се споделуваат скриншоти од нејзините објави каде повеќето коментари се со осуди.
„Ми изгледа празно. Како дом без љубов. Но, што знам јас?“
„Но, зошто ѝ требаат толку многу елки во домот?“
„Еве зошто ќерка ѝ Норт сака да живее со Канје“.
„Домот ѝ изгледа како продавница за елки“.
„Откако ќе ја накитам елката и ќе си помислам дека сум направил нешто убаво, се појавува Ким за да ме потсети колку сум сиромашен“.

Некои се шегуваат и дека секоја година го декорира домот исто, но има некои и на кои им се допаѓаат декорациите.
„Искрено, ми се допаѓа. Изгледа лудо, но навистина ми се допаѓа“.
„Не критикувам бидејќи ако имав пари, и јас ќе декорирав вака“.

Ким генерално не одговара на критиките, па се нема огласено ни сега.
А, како што спомнавме, веќе стана традиција да биде исмејувана за декорациите.

Во 2023-та, ријалити ѕвездата ги украси сите дрвја во дворот со сијалички.
За овие декорации имаше главно шеги и некои велеа дека соседите сигурно ја мразат.
„Замислете да треба да спиете до куќата на Ким Кардашиан“, гласеше еден од многу те коментари.

Генерално Ким е критикувана и за „стерилниот“ ентериер во нејзиниот дом – нешто што го има спомнато и ќерка ѝ Норт.

Секоја година, Кардашијанс покажуваат дека не штедат за празнично украсување.
Но, засега само Клои има објавено неколку фотки од елката во нејзиниот дом.
Спирова С. | Црнобело