Четврта среќа за Саманта - Ким Катрал (69) се венча во тајност, со 14 години помладиот партнер
- Детали
- петок, 05 декември 2025
„Саманта“ од „Сексот и градот“ во тајност се венча со партнерот, по речиси 10 години врска. Со саканиот направиле интимна церемонија во Лондон, во друштво на семејството и најблиските пријатели.

Ким Катрал, најпозната по улогата на Саманта во „Сексот и градот“, се венча во тајност со нејзиниот партнер Расел Томас.
Вчера (4.12), 69-годишната актерка и 55-годишниот Расел направиле интимна церемонија во Лондон.
На малата венчавка присуствувале само членовите на семејството и блиските пријатели на парот, а магазинот People сподели и ексклузивни фотки од церемонијата.
За пригодата, Ким носеше бело Dior сако и здолниште. Новиот сопруг, пак, носеше елегантен црн костум и вратоврска.
Ким и Расел се запознаа во 2016 на снимање. Веднаш се зближиле и набрзо потоа почнаа и врска.
Околу две години подоцна, Ким сподели дека по првата срдба, тој почнувал да ѝ пишува на Твитер.
Тој период Ким живееше во Ванкувер, па Расел отишол да ја посети таму.
„Ова беше храбро од негова страна бидејќи тогаш не се познававме добро, освен што отидовме на вечера неколкупати. Но, дојде, си поминавме одлично и оттогаш сме заедно!“ – сподели актерката во 2020-та.
Низ годините, Ким и Расел се држеа настрана од јавност како пар, иако секојпат си покажуваат поддршка.
Повремено, Ким зборува за него и секогаш истакнува дека е пресреќна со него.
Инаку, ова е четвртиот брак на Ким.
Со првиот сопруг, Ким беше во брак нешто помалку од две години. Вториот брак траеше малку подолго – околу седум години.
Во 1998-ма, Ким третпат застана пред олтар, а се разведе во 2004 година.
Актерката нема деца, а има изјавено дека самата ја донела оваа одлука.
„Кога имав пет години, сонував дека еден ден ќе имам сто кучиња и сто деца“, откри во 2003-та.
Но, по вториот развод сфатила дека мајчинството можеби не е за неа.
„Бев во средните 30-ти и го чувствував притисокот од општеството, но и мојот биолошки часовник. Можев да правам безброј комбинации за да имам дете, но јас сметав дека ако имам дете, тоа треба да биде со партнер што го сакам“.
По некое време, сфатила дека всушност воопшто не сака да има деца.
„Ми стана јасно дека притисокот што го чувствував доаѓаше однадвор. И, знаев дека не сум подготвена да станам мајка“.
Спирова С. | Црнобело