Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности
Клои Кардашијан и Клои Грејс Морец
Во 2016-та, актерката Клои Грејс Морец прокоментира за разголена фотка на Кардашијан.
„Се надевам дека ти е јасно колку е важно да поставиш цели за младите жени, да ги научиш дека се многу повеќе од нивните тела“.
Кардашијан ѝ одговори со дрзок коментар:
„Да ѝ посакаме добредојде на Морец на Твитер, бидејќи никој не знае која е“.
Клои Кардашијан дури почна и јавно да ја навредува младата актерка.
Клои Кардашијан и Џордин Вудс
Оправдано е зошто Клои ја мрази Џордин Вудс – сепак, дечко ѝ Тристан Томпсон ја изневеруваше со неа.
Прво за неверството имаше само шпекулации, но Џордин во интервју кажа дека го бакнала Тристан.
Клои ѝ одговори со гневен твит:
„Зошто лажеш? Ако пробуваш да се спасиш зборувајќи јавно, наместо прво да ми се јавиш и да ми се извиниш, барем биди искрена. Инаку, ти си причината зошто ми се растури семејството“.
Кајли Џенер и Џефри Стар
Овој конфликт беше повеќе еднострана, бидејќи Кајли одби да „падне“ на провокациите на мејкап артистот.
Кајли и Џефри ги лансираа нивните брендови за шминка во ист период, па мејкап артистот многупати ги критикуваше продуктите на ријалити ѕвездата.
Тој дури тврдеше и дека Кајли била на насловната на Forbes, само затоа што тој го одбил весникот кога му понудиле.
Кендал Џенер и Наоми Кемпбел
Уште еден едностран конфликт бидејќи Наоми Кемпбел само кажа дека не ја почитува Кендал, но таа не и договори.
„Ѝ посакувам се најдобро. Но, мислам дека мојата генерација, како Синди Крафорд и Линда Еванџелиста, требаше да си го заработи успехот.
Работевме напорно, а оние како неа (Кендал) само добиваат што ќе посакаат“.
Кендал Џенер и Ријана
Не е познато што точно се случило, но јасно е дека Кендал и Ријана не се во добри односи.
Најпрво се шпекулираше дека се скарале поради Кара Делавињ, со која се дружеа и двете. По некое време, пак, Кендал објави твит:
„Ако Ријана не ја испее Complicated утре на концертот, ќе бидам многу разочарана“.
Иако звучи како обожавателка, на ова Ријана само ѝ одговори:
„Па не доаѓај“.
Спирова С. | Црнобело
