Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум деца?
Сара била посвоена од друго семејство додека била дете, а успеала да го подобри односот со Род дури откако родители што ја посвоиле починале.
„Колку повеќе размислувам за тоа зошто не се зближивме со Род порано, појасно ми станува дека голема улога имале родителите што ме посвоија.
Мислам дека Род не сакаше да влегува во нивна територија“, има откриено Сара.

Но, односот со Сара не е единствениот проблематичен во животот на Род. Тој има проблеми и со ќерка му Кимберли, која ја доби со сопругата Алана.
Алана и Род се разведоа кога ќерка им имаше пет години. Таа живеела со мајка си, па ретко го гледала пејачот.
Сепак, со текот на времето успеале да изградат добар однос, а Род има изјавено дека таа му била најголема поддршка за време на вториот развод.
Слична била ситуацијата и со син му Шон – тој имал само четири години кога Род се развел од мајка му.

Бидејќи пораснал без татко, Шон станал бунтовник и до 13-годишна возраст веќе пиел алкохол и користел дрога.
Но, истакнува дека самиот е виновен, бидејќи Род се обидувал да биде овде за него.
„Кога луѓето дознаваа кој ми е татко, секогаш добивав бесплатна дрога… Но, татко ми никогаш не ми сврте грб. Знаев дека е овде за мене.
Сепак, изгубивме многу години и мислам дека требаше да пораснам за да можам да имам некаков однос со него“.

Денес Шон нема проблеми со дрога, а тој истакнува дека добива неизмерна поддршка од татко му.
Роб имал проблематичен однос и со ќерка му Руби, која ја доби од врската со моделот Кери Емберг.
Руби го презирала Род поради начинот на којшто ја третирал мајка ѝ, па го избегнувала, сè до своите тинејџерски години.
И покрај многуте семејни драми, денес Род не е близок само со своите деца, туку и со ожените што ги родиле.

Со три од бившите, пак, е во толку добар однос, што тие заедно присуствуваат и на роденденски забави и семејни прослави.
Пејачот објавува фотки со нив, а понекогаш и самите се шегуваат дека „мајките се обединиле“ за да го соберат огромното семејство на пејачот.
Спирова С. | Црнобело
