Собрани скоро 100.000$ за Мики Рурк, тој револтиран вели: „Не ми треба вашата милостина“

„Ова е понижувачки. Никогаш не би побарал ни пет центи од странци, обожаватели или било кој. Тоа не е мој стил“, вели актерот за кого се собираат пари со донации. Тој тврди дека не знаел ништо за ова и дека попрво би си пресудил отколку да земе милостина.

sobrani-skoro-100-000-za-miki-rurk-toj-revoltiran-veli-ne-mi-treba-vashata-milostina-01.jpg

Некогаш најсексапилниот актер во светот, Мики Рурк, на 73 години изгледа непрепознатливо и далеку од мажот кој беше сон на многу жени - денес е остарен, со изобличен лик и лишаи по главата.

Тој, наводно, е и во големи долгови и со години не плаќал кирија за станот во кој живее, а сега сопственикот од него побарал околу 60.000$ за да го подмири долгот.

На Рурк му било врачено судско решение дека мора да плати, во спротивно ќе биде присилно иселен.

sobrani-skoro-100-000-za-miki-rurk-toj-revoltiran-veli-ne-mi-treba-vashata-milostina-02.jpg

По ова, асистентката на неговата менаџерка активирала страница на GoFundMe, за луѓето да донираат пари за актерот, а зацртана цел биле 100.000 долари.

За 4 дена целта е скоро исполнета и на сметката има околу 97.000$, пари кои Рурк вели дека ниту ги барал, ниту ги сака, зашто не му треба ничија милостина.

Тој на својот Инстаграм објави видео во кое демантира дека бара пари и револтиран, инсистира да се врати и тврди дека не знаел дека некој побарал да се собираат средства за него.

sobrani-skoro-100-000-za-miki-rurk-toj-revoltiran-veli-ne-mi-treba-vashata-milostina-06.jpg

„Јас сум фрустриран и збунет. Не сум јас, во ред? Ако ми требаат пари, не би ги барал преку никаква добротворна организација.

Подобро би си ставил пиштол во задникот и би го повлекол чкрапалото.

Значи, кој и да го направил тоа, не знам зошто го направил. Не го разбирам. Не би барал пари преку GoFundMe ни за милион години.

Мојот живот е многу едноставен. Ова е срамно за мене. Но, сигурен сум дека ќе ја преболам како и сè друго.

Видете, навистина ужасно ја менаџирав мојата кариера. Морав да одам на терапија повеќе од 20 години за да ја надминам болката за штетата што ми беше нанесена пред години.

И навистина напорно работев за да го преболам тоа. И веќе не сум таа личност... не сум дивиот човек каков што бев пред дваесет и нешто години. Но, плаќам цена за моето минато“, кажува тој во видеото.

sobrani-skoro-100-000-za-miki-rurk-toj-revoltiran-veli-ne-mi-treba-vashata-milostina-04.jpg

За парите собрани во кампањата, Мики вели:

„Вратете ги. Јас ќе го вклучам својот адвокат во сè, за да стави крај на тоа. Ова е понижувачки.

Никогаш не би побарал ни пет центи од странци, обожаватели или било кој. Тоа не е мој стил..“.

sobrani-skoro-100-000-za-miki-rurk-toj-revoltiran-veli-ne-mi-treba-vashata-milostina-03.jpg

И покрај тоа, страницата за собирање донации за актерот е активна, а луѓето и понатаму донираат пари за него.

Прочитајте и Должи 60.000$, може да стане бездомник - Како пропадна најсексапилниот актер од 1980-те?

Кликнете за да го погледнете видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава